Денот во Идомени, каде над 12 илјади луѓе кампуваат под отворено небо, е хаотичен, но ноќта носи чуден мир. Небото е исполнето со чад од палењето на дрвата за огрев, тензично е, но мирно. Надеж има сѐ помалку.
Реклама
Умира надежта за бегалците во Идомени
Денот во Идомени, каде над 12 илјади луѓе кампуваат под отворено небо е хаотичен, но ноќта носи чуден мир. Небото е исполнето со чад од палењето на дрвата за огрев, тензично е, но мирно. Надеж има се помалку.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Кога ќе падне ноќта
Кога ќе падне ноќта се палат стотици огнови со она што е собрано во текот на денот, а чадот го исполнува воздухот. За разлика од состојбата во текот на денот кој најчесто е исполнет со протести, ТВ камери и одвреме-навреме насилни судири, ноќите во Идомени се мирни, овозможувајќи им на жителите да одморат - доколку најдат каде, се разбира.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Град на шаторите
Околу 12 илјади бегалци се наоѓаат во Идомени, во кампот предвиден за 2.500 луѓе, претворајќи ги околните полиња во лавиринт на шатори. Луѓето останаа тука по воведувањето на ригорозните контроли на македонската граница и одлучија да останат и да чекаат таа повторно да се отвори.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Тензично, но мирно
Кампот е добро организиран и луѓето се релативно мирни, но мислам дека е прашање на време кога состојбата ќе експлодира, вели Калиопи Мителинеос, експерт за помош на жртви од локална НВО. „Границите веќе нема да функционираат како досега, и Грција не е подготвена за ова. Немаме пари за ова.“
Фотографија: DW/D. Cupolo
Подалеку од камерите
Една локална шега вели дека во Идомени има новинари колку и бегалци, но Јазан, сириски гитарист, вели дека ги избегнува камерите по секоја цена. „Се обидувам да избегам од фотографирањето затоа што не сакам моето семејство да ме види ваков. Ме прашуваат како е, и никогаш не им ја кажувам вистината“.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Групни шатори
Откако загубил сѐ освен гитарата додека минувал кон Самос, Јазан ги минал првите ноќи во Идомени во групни шатори, а потоа еден хуманитарен работник му дал мал шатор за него. „Луѓето кои работат во овој камп се толку добри. Мислам дека не би можеле да останеме мирни без нивна помош“.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Под отворено небо
И покрај 24-часовното присуство на хуманитарните работници, луѓето кои пристигнуваат доцна ноќе најчесто мораат да останат надвор. За да го решат проблемот, комбиња на организацијата Save the Children, како и доброволци, патролираат низ кампот ноќе и делат шатори за семејствата без покрив над главата.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Ноќна продажба
„Доколку ви треба нешто во кампот, прашувате наоколу и следниот ден веќе некој го продава тој производ на влезот“, вели Јазан. Најчесто тоа се грчки или арапски продавачи. Има сѐ, од цигари до халал бургери.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Кога врне...
Дождот носи кал во кампот и често ги уништува малите шатори. Сам Исмаел, поранешен пешмерга-борец од Киркук, Ирак, се жали на времето. „Ноќе се будам и моето ќебе е влажно дури и ако не врне. Не го разбирам времето тука. Воздухот е многу влажен“.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Сите очи вперени кон границата
Во моментов, меѓу 50 и 200 луѓе ја минуваат македонската граница секој ден. Иако пропустливоста е далеку помала од бројот на луѓето кои дневно пристигнуваат во Идомени, Исмаил вели дека ќе стори сѐ за да стигне кај својот брат во Англија. „По шест обиди успеав да стигнам од Турција во Грција. Навистина ли мислите дека ќе застанам тука?“
Фотографија: DW/D. Cupolo
9 фотографии1 | 9
Повеќе од 12 илјади луѓе остануваат заглавени во бегалскиот камп Идомени, на границата меѓу Грција и Македонија. Откако Европската Унија и Турција не успеаја да постигнат договор за решавање на бегалската криза, надежта кај нив е сѐ помала дека ќе успеат да го продолжат патот на север, кон западна Европа. Состојбата дополнително се влоши откако во понеделникот падна пороен дожд. Тоа беше вториот пороен дожд во последните пет дена и го претвори целиот простор во океан од кал, а многу шатори беа поплавени.
Утрово луѓе ги сушеа алиштата, кебињата и документите. Огновите сѐ уште гореа, но недостатокот на дрво ги тера луѓето да палат сѐ што ќе им се најде во околината, вклучително и пластика, од која потоа се шири неподнослив чад. Грчката влада соопшти дека нема намера насила да го евакуира бегалскиот камп на границата кон Македонија, но вети дека ќе изврши притисок врз мигрантите да ги користат новоизградените засолништа во околината.