1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Унгарија ги шармира германските автопроизводители

Штефан Ошват
8 август 2018

Германските автопроизводители се одамна активни во Унгарија. По Мерцедес, Ауди и Опел, сега најава за инвестирање стигна и од БМВ. Зошто е Унгарија толку атрактивна?

Ungarn Audi eröffnet E-Motor Produktion
Ауди ина фабрика во ЃерФотографија: Iimago/Xinhua/A. Volgyi

Петер Сијарто беше видливо горд кога ја соопштуваше веста. По седумнаесетмесечни преговори, унгарскиот министер за надворешни работи можеше да соопшти дека германскиот производител БМВ ќе инвестира една милијарда евра во Унгарија. „Годишно во Дебрецин ќе се произведуваат по 150.000 возила. Тоа значи отворање на илјада работни места уште на почетокот“, рече министерот.

Црвен тепих за германските автопроизводители

Изградбата на фабриката во источниот дел на Унгарија би требало да почне за една година. БМВ станува дел од традицијата. Унгарија одамна е работилница за германските автопроизводители. Тоа почна уште по падот на Железната завеса, вели Шандор Рихтер од Виенскиот институт за споредбени економски истражувања. „Особено автоиндустријата бараше можности во таа земја и ги најде.“ За инвеститорите е важно што „Унгарија е добро поврзана со Западот“, што има добро обучена работна сила и даночни олеснувања. Унгарија има најнизок данок на добивка во ЕУ - 9%, вели Дирк Велфер од Германско-унгарската индустриска и трговска комора. А и синдикатите се слаби. „Во 2012 година е темелно реформирано работничкото право“, нагласува Велфер, додавајќи дека сега тоа е „генерално попријателски настроено кон работодавачите“.

Повеќе: БМВ гради фабрика во Дебрецин

Во претпријатијата има малку синдикални организации, додава Велфер во интервју за ДВ. „Најголемиот дел тарифни договори се склучени во самите претпријатија, а не како во Германија, каде има гранкови тарифни договори. Тоа значи дека тие може да бидат повеќе од предност за работодавачите.“

За БМВ улога играле аеродромот, квалификуваната работна сила и добрата мрежа на доставувачи.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја фали работливоста и креативноста на УнгарцитеФотографија: Getty Images/L. Balogh

Шпага помеѓу интересите

Германските претпријатија имаат директно или индиректно создадено околу половина милион работни места во Унгарија, потенцира Велфер. Тоа им е од полза на унгарските стручњаци, кои во германските фирми заработуваат повеќе. И, од полза ѝ е на унгарската влада, која кога е критикувана за илибералниот политички курс, укажува на економскиот биланс: четирипроценти пораст и ниска стапка на невработеност. „Работливоста на Унгарците, нивната волја за работа и нивната креативност не познаваат граници“, се фали надлежниот министер Сијарто.

Дизелите интересни само за балканскиот пазар

02:32

This browser does not support the video element.

Но, економската политика на владата на Орбан има и друга страна. Крвареа големи концерни, банки или ланци супермаркети, а сопствениците од Австрија со земја во Унгарија беа погодени од експропријација. Правната несигурност на почетокот на ерата на Орбан беше голема негативна тема, оценува Велфер. „Тоа многу ги оптоваруваше бизнисмените“, вели тој и додава дека тоа „во последните години е смирено“.

Повеќе: Орбан сака да биде лидер на Источна Европа

Германските  автопроизводители се под посебна заштита, потенцира Шандор Рихтер. Тие се изземени од пропагандистичките походи на владата против странските големи инвеститори. Најважен критериум притоа: не смеат да им попречат на унгарската влада и интересите на нејзините олигарси. „Онаму, каде што има унгарска владина конкуренција, тие се непожелни конкуренти“, нагласува Рихтер. Но, во преработувачката индустрија, особено во автоиндустријата, нема конкуренција. „Нема да се создаде унгарски БМВ или Мерцедес.“

Економската политика на Орбан има и добра и лоша и странаФотографија: picture-alliance/dpa

Потенцијал за повеќе

На долг рок, меѓутоа, и германските претпријатија се соочуваат со недостиг од стручњаци. Таканаречениот „брејн-дрејн“ станува проблем. Во последните години стотици илјади Унгарци ја напуштија земјата за да си ја побараат среќата некаде на друго место. Пред сѐ си заминуваа добро образованите. И даночниот систем на втор поглед не е толку добар, смета Рихтер. „Унгарија не е земја на ниски даноци.“ Рака на срце постои т.н. пропорционална даночна стапка на приходи од 15%, што значи „оние кои добро заработуваат, заработвуаат навистина добро“, но земјата има еден од највисоките ДДВ во ЕУ - 27%, што „ги прави производите многу скапи за потрошувачите“, вели економскиот експерт.

Унгарската влада се фали со својот пораст од 4% и ниската стапка на невработеност. Но, според Рихтер, на малите и средни претпријатија во Унгарија воопшто не им оди толку добро, а „економскиот пораст не е одржлив“. Голем дел од парите од ЕУ се веќе потрошени пред изборите. Затоа, во наредните години од Брисел ќе доаѓаат помалку пари. Рихтер оценува дека економскиот пораст ќе изнесува „само 2%“. Притоа, земјата има потенцијал за повеќе. „Со вистинска економска политика, поголема конкурентност, поголема транспарентност, помалку корупција, на Унгарија може да ѝ оди многу подобро отколку денес“, нагласува економскиот експерт.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми