Унгарија: Пакет закони „Стоп-Сорос“
19 јануари 2018Омилениот непријател на унгарскиот премиер Виктор Орбан се вика Џорџ Сорос. Според Орбан, американскиот милијардер од унгарско-еврејско потекло сака да ги „дехристијанизира“ европските нации и да ги уништи. За таа цел тој поттикнува, вели Орбан, инвазија на континентот од милиони муслимански мигранти. „Планот Сорос" го нарече шефот на унгарската влада новиот пакет мерки.
Во суштина „Планот Сорос" не е ниту добро осмислена пропагандна лага, со која се извртуваат изјавите на Сорос. Но, тоа не ги спречи Орбан и неговата владина партија Фидес, минатата година со месеци во Унгарија да водат национална кампања против Сорос и неговиот наводен миграциски план.
Сега унгарската влада оди еден чекор понатаму: тие сакаат да усвојат законски пакет под името „Стоп – Сорос", како што во средата најави минстерот за внатрешни работи Шандор Пинтер во Будимпешта.
Повеќе на темата:
-Национализам кој доаѓа од Исток
-Шокантна анти-Сорос кампања во Унгарија
-Долго патување на Полска во ноќта
Одалечување од темелните вредности на ЕУ
Таканаречениот пакет „Стоп Сорос" е насочен против активностите на граѓанските организации - едно од последните бастиони кои не се под контролата на власта во Унгарија.
Тој се состои од три одредби:
- сите граѓански организации кои во било каква форма се занимаваат со „илегалната миграција" мора да се судски регистрирани и редовно да понесуваат извештаи за активностите
- граѓанските организации кои работат на активности поврзани со „илегалната миграција", а половина од приходот им е од странство, мора да платат даночна казна од 25% за овој приход.
- на унгарските граѓани кои се под сомневање дека ја поттикнуваат „илегалната миграција" може да им се забрани пристап во појасо до осум километри ширина во зоната на надворешната шенгенска граница; на странските државјани кои ќе бидат под исто сомневање да им се забрани влез во земјата.
Ако парламентот го усвои пакетот мерки, тогаш Унгарија ќе отиде уште поддалеку од правната држава и европските темелни вредности и уште посилно ќе воведе порепресивни услови, слични на оние во Русија, сметаат критичарите. „Се сомневам дека овие мерки се во согласност со Уставот и со европските основни вредности", вели за Дојче Веле, политологот од Будимпешта Атила Тибор Наѓ од Институтот Мелтануосаг. „Во една правна држава граѓанските организации мора да функционираат слободно. Но, оданочувањето е толку големо што веќе слободното функционирање на овие организации не е загарантирано."
Популистичка функција
Покрај тоа, според Наѓ, би било многу проблематично во владеењето на правото да се користи политички термин како "нелегална миграција" во правен контекст. Ако, на пример, служи за ограничување на слободата на движење, тоа е многу широко и затоа е дискутабилно.
Претставниците на граѓанските организации во Унгарија се сомневаат дека одредбите од законодавниот пакет може да се усвојат во оваа форма. „Многу е јасно дека владата повторно и одново се обидува да го замолчи гласот на критики и веројатно не може да го постигне тоа", рече Мате Сабо, директор на „Здружение за правата на слободата" (TASZ), една од главните унгарски граѓански организации за човекови права, за унгарските медиуми. Сабо истакна дека веројатно нема правна основа за данок на доход само поради тоа што е од странско потекло.
Примарно, законскиот пакет „Стоп Сорос" има пропаганда ПР популистичка функција со оглед на тоа дека парламентарните избори се одржуваат во Унгарија на 8-ми април. Според анкетите речиси и да нема сомнеж дека Орбан и неговата партија ќе победат, особено затоа што изборниот закон е скроен според потребите на владејачката партија. Критичните изборни аналитичари и правните експерти велат дека иако изборите во Унгарија се слободни, тие се случуваат под неправедни услови. И во ваков случај ново две-третинско мнозинство за Орбан е под знак прашање. Затоа, толку многу набљудувачи сметаат дека Орбан со најава на пакетот „Стоп Сорос" всушност сака да постигне максимална поларизација во изборната кампања.
Изборен маневар
Пакетот закони доаѓа во еден непријатен момент за владата. По грешка, државен секретар за надворешни работи неодамна откри дека владата „тајно" ја преземала 1.300 бегалци – што е повеќе од 1.294 бегалци кои требаше да ги преземе според квотата, а тоа жестоко го отфрли Во светло на ова, опозицијата сега се прашува само како е толку голема опасноста од мигрантите.
На крајот на краиштата, Орбан се чини е сериозен во врска со пакетот закон „Стоп- Сорос". Впрочем, тој минатата година и покрај големите критики од дома и од странство веќе го усвои првиот закон против граѓанските организации. Со него се обврзуваат да се идентификуваат себе како „финансирани од странство" и да се регистрираат во соодветен јавен регистар ако приходот од странство надминува одреден праг. Овој закон многу потсетува на еден руски еквивалент од 2012 година, со кој се овозможува невладини организации да бидат етикетирани како „странски агенти".
За неделникот ХВГ затоа сегашната ситуација е јасна: законскиот пакет „Стоп Сорос" е прво изборен маневар. Но, ако овој ПР производ е успешен на 8 април, тогаш моќта може без дебата во јавноста да се движи и понатаму во веќе познатата насока.