1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Унгарија ја обвинува Германија за нацизам поради сатира

Кено Верзек
25 ноември 2020

По унгарско-полското вето на буџетот на ЕУ, германската телевизија ЗДФ емитуваше прилог за Виктор Орбан во рамки на сатиричната емисија „heute-show“. Портпаролот на унгарската влада контрира со обвинувања за нацизам.

Screenshot Webseite ZDF Heute Show
Фотографија: ZDF

Некогаш е тоа неговиот однос кон независните медиуми, некогаш неговата блискост со Путин. Или пак тоа се неговите корона-закони. Унгарскиот премиер Виктор Орбан на сатиричната емисија „heute-show“ на телевизијатаЗДФ и' нуди редовно поводи за сатирични прилози. Во најголемиот дел од случаите, претставниците на унгарската влада се „пенат“ по емисиите и даваат навредливи коментари.

Орбан беше тема на „heute-show“ и пред една недела. Комичарката Каролин Кебекус беше гласна во протестот поради ветото на Унгарија и Полскана европскиот буџет. Таа го нарече Орбан „унгарски гулаш со уши“ и предложи сите членки на ЕУ, освен Унгарија и Полска, да излезат одУнијата, за потоа веднаш наново да основаат EUODBUUP, односно „Европска унија без глупавите Унгарија и Полска“.

Коментар од страна на унгарската влада беше очекуван. Но, овојпат, портпаролот и државен секретар Золтан Ковач навистина избувна. Тој во понеделникот (23.11.2020) на официјалната страница на унгарската влада на англиски јазик објави изјава која носи нескромен наслов „За Унгарија“, а всушност содржи само објаснувања од Орбан и неговата влада.

Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач тврди дека германската сатирична емисија со својот прилог уште еднаш ја преминала црвената линијаФотографија: Attila Kisbenedek/AFP/Getty Images

Хуморот и сатирата имаат свое место во политиката, но постојат граници, пишува Ковач во изјавата во врска со прилогот во „heute-show“. Германската сатирична емисија, според Ковач, со својот прилог уште еднаш ја преминала црвената линија и линијата на пристојноста, со тоа што го нарекувала Орбан „идиот“, а Унгарија и Полска ги опишувала како „паразити“ на ЕУ. Притоа, ниту Каролин Кебекус ниту водителот на „heute-show“, Оливер Велке, не ги употребуваат зборовите „идиот“ и „паразити“.

„Германците се сметаат за супериорни“

Германската државна телевизија, пишува Ковач, е „целосно индоктринирана“ и „арогантно и злонамерно“ шири „потценувачка карикатура на унгарскиот премиер“. Портпаролот на крајот посега и по ултимативно оружје - споредба со нацизмот: „Се сеќавам на други времиња, кога Германците се сметаа за супериорни и од висина гледаа на нас останатите. Тоа не функционираше добро.“

EUODBUUP - „Европска унија без глупавите Унгарија и Полска“Фотографија: ZDF

Ковач не објаснува што точно во четириминутниот прилог на „heute-show“ сведочи за нацистичкото лудило за ариевска надмоќ. Нејасно останува и која сатира за Виктор Орбан е прифатлива за унгарската влада и зошто портпаролот на унгарската влада, кој радо бара да не се шират лаги за неговата земја, го обвинува „heute-show“ за зборови кои не се употребени. На ваквите прашања на ДВ, Ковач не одговара.

„Пропагандно видео“

Помалку или повеќе јасно обвинување на Германија за нацизам дојде и од страна на државниот секретар Тамаш Менцер, кој во унгарското Министерство за надворешни работи е одговорен за комуникација и претставување на Унгарија во странство. Менцер во понеделникот за јавниот сервис М1 рече дека ги почитува Германците, но дека тие ќе „сторат се'“ за да го „уништат“ имиџот на Унгарија во светот.

Комичарката Каролин Кебекус и водителот на „heute-show“, Оливер ВелкеФотографија: ZDF

Според Менцер, чудно е што на германскиот јавен радиодифузен сервис е „најважно да се разговара за европските партнери и сојузници без минимална доза на почит“. Прилогот во емисијата  „heute-show“ тој го означи како „пропагандно видео“. „А, Германците отсекогаш биле силни во пропаганда“, рече државниот секретар.

Ова не е првпат унгарската влада да и' префрла на Германија нацистички методи. Во октомври портпаролот на владата Ковач ја обвини поранешната германска министерка за правда и сегашна потпретседателка на Европскиот парламент, Катарина Барли, за користење нацистички методи против Унгарија и Полска.

Повеќе:

Орбан му објавува војна на Западот

Концентричните кругови на Виктор Орбан

Моја Европа: Виктор Орбан, Ангела Меркел и пробивот во браната

Сталинградски метод

Повод беше интервјуто за Дојчлaндфунк во кое Барли рече дека Орбан треба да се „изгладни финансиски“. Таа притоа категорично се повика на фактот дека семејството на унгарскиот премиер и некои негови блиски соработници и пријатели профитираат несразмерно многу од фондовите на ЕУ, како и дека се соочени со сомневања за корупција. Ковач тогаш тврдеше дека Барли сака да ги „изгладни“ Унгарија и Полска, па на Твитер напиша: „Кој германски метод би го користеле кога станува збор за изгладнување, госпоѓо Барли? Сталингардскиот, Ленинградскиот или Варшавскиот?“

И самиот Виктор Орбан ја обвини Германија за нацистички методи, и тоа директно канцеларката Ангела Меркел. Во мај 2013 година тој реагираше на една изјава на Меркел, која всушност требаше да ја деескалира ситуацијата: „Германците имаат веќе еднаш испратено коњица, и тоа во облик на тенкови. Ние би ве молеле да не ги праќате повторно. Уште тогаш тоа не беше добра идеја и не функционираше“, рече тогаш Орбан.

Катарина Барли, поранешна германска министерка за правда и сегашна потпретседателка на Европскиот парламентФотографија: Getty Images/AFP/I. Fassbender

Сатира како реална вест

Неговата изјава беше алузија на окупацијата на Унгарија од страна на германскиот Вермахт во март 1944 година. Меркел претходно во една панел-расправа рече дека Германија се обидува да ја натера Унгарија да се придржува до демократските и уставни начела, но дека „нема веднаш да испрати коњица“.

Орбановата забелешка тогаш предизвика скандал помеѓу Берлин и Будимпешта, со оглед на тоа што унгарскиот премиер лично ја нападна канцеларката. По сегашните изјави на Ковач и Менцер, малку е веројатно дека кавгата толку ќе ескалира. Во меѓувреме, унгарската телевизија М1 - гласило на владата во кое нема политичка сатира - редовно емитува „фејк њус“ за Германија. На пример, за тоа во колкава мера напредувала исламизацијата и дехристијанизацијата во земјата.

Понекогаш дури емитува германска политичка сатира како реална вест, како што тоа беше случај во мај 2018 година. Тогаш главната информативна програма Хирадо извести дека германскиот град Есен (во предвод од германски - јадење), по повод Рамазан и поради обѕири кон муслиманите, е преименуван во „Фастен“ (во превод - постење). Сето тоа всушност беше сатира на интернет-магазинот Ноктара.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми