1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УНИЦЕФ: 150 милиони деца напорно работат

7 октомври 2009

Милиони деца ширум светот немаат право да бидат деца. Тие се жртви на насилство, искористување и трговија со луѓе констатира најновиот извештај на организацијата на ОН за правата на децата - УНИЦЕФ.

Фотографија: AP

Во извештајот на УНИЦЕФ се наведува дека 150 милиони деца под 15 години мораат напорно да работат и затоа не можат да одат на училиште. „Ове е лош резултат“ истакна портпаролката за УНИЦЕФ за Германија, Хелга Кун, во Келн. Сепак, постои и напредок во некои области. УНИЦЕФ, за првпат, подготви опширен извештај за прекршувањето на правата на децата ширум светот.

Само во 2007 година 51 милиони деца не добиле извод од матична служба. Без овој документ децата речиси и да немаат шанси за школување и незаштитени лесно паѓаат во рацете на криминалците. Најмалку еден милион деца најчесто бесправно и без да сториле тешко кривично дело лежат в затвор. Повеќе од 18 милиони деца живеат во семејства кои морале да ја напуштат татковината поради војни, или природни катастрофи.

Во земјите во развој секое трето девојче се’ уште се мажи како дете, но старосната граница за мажење во земји како Бангладеш е малку покачена. Напредок е постигнат и во борбата против полово сакатење во најмалку 29 земји во светот, во многу африкански земји се намалува бројот на девојчињата кои се полово осакатени.

„Извештајот покажува дека треба да постигнеме уште многу за да ја подобриме положбата на децата,“ истакна Кун. УНИЦЕФ извештајот го изработи врз основа на статистики и сопствени истажувања. Со оглед на тоа што базата со податоци е нецелосна, вистинските размери на повредување на правата на децата ширум светот се непознати.

Автор: АТ/ЖА/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми