Уништена и осамена: Една година од пожарот во катедралата Нотр Дам
01:28
This browser does not support the video element.
Уметност
СН/дв
15 април 2020
Катастрофалниот пожар на 15 април минатата година, кој целиот свет го следеше во живо, предизвика огромни штети на париската катедрала. Обновата е сега во застој поради пандемијата на коронавирусот.
Реклама
Големата камбана на јужната кула на катедралата Нотр Дам во Париз ќе се огласи вечерва во 20 часот во знак на сеќавање на првата годишнина од огромниот пожар што ја оштети таа средновековна готска градба. Ѕвонењето на камбаната ќе се совпадне со вечерното ракоплескање на Французите од балконите и прозорците, во знак на поддршка на здравствените работници.
Коронавирус: Туристички атракции без посетители
Поради коронавирусот морничава тишина владее на многу туристички знаменитости, особено во Италија, но и во други земји. Погледнете како изгледаат овие места сега без вообичаените турканици..
Туристичките атракции во Италија се особено погодени од кризата со коронавирусот. Целата земја е во карантин. Продавниците се затворени, туристите ја напуштија земјата. Плоштадот Свети Петар во Рим е затворен, музеите и знаменитостите веќе не се отворени за јавноста.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zuma/G. Galazka
Тивкиот Милано
На северот на Италија, само големи групи гулаби се осмелуваат да излезат на улиците. Катедралата во Милано се извишува осамена и напуштена кон небото. Во Италија има полициски час на национално ниво. На луѓето им е дозволено да ги напуштат своите домови само кога одат на работа или кога одат да купат неопходни намирници.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/L. Bruno
Празни места во Мадрид
По Италија, Шпанија е втората европска земја која е најпогодена од кризата со коронавирусот. Досега нема прогласено полициски час. Плоштадот Махор, обично пулсирачкиот центар на Мадрид е празен. Огромниот плоштад обично го посетуваат стотици илјади туристи секоја година. Во околината има повеќе од 3.000 ресторани, барови, кафулиња и таверни.
Жителите на Австрија, исто така, не можат веќе слободно да се движат. Од вторникот (18. март 2020) сите пабови и ресторани, покрај останатото, се затворени. Обележјето на Виена - катедралата Свети Стефан- е затворена за посетители, црковните служби се одвиваат без верници и се емитуваат на радио. И вообичаено многу посетениот плоштад пред катедралата е празен.
Карловиот мост во Прага вообичаено е преполн. Обележјето на градот сега е тивко. Чешката Република прогласи вонредна состојба поради кризата со коронавирусот и воведе широка забрана за влез и излез од земјата. Сите прекугранични транспортни врски со возови и со автобуси, исто така, се запрени. Слободата на движење на жителите е строго ограничена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/D. Josek
Франција во вонредна состојба
Претседателот на Франција рече дека земјата е во војна против коронавирусот. А министерот за внатрешни работи ги нарече „воени сојузници“ сите оние кои сега остануваат дома. Онаму каде што обично се разминуваат илјадници луѓе - Ајфеловата кула или Лувр во Париз - деновиве ретко може да се види некој.
Фотографија: picture-alliance/abaca/E. Blondet
Берлинските знамениости затворени
Берлин е сѐ попразен, иако сè уште не е прогласен полициски час. Знаменитостите како Рајхстагот се затворени. Театрите и музеите, исто така. Туризмот е ставен на пауза во Германија. Хотелите и останатото сместување сега можат да се користат само за „неопходни и исклучиво нетуристички цели“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler
Туризмот во режим на спиење
Дури и јавните знаменитости се празни. На улиците има само неколку туристи, како кај Бранденбуршката порта. Но, дури и ако сега има целосно чист поглед на обележјето на Берлин, посетата и не е баш забавна.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken
8 фотографии1 | 8
Инаку огласувањето на камбаната ќе биде единствена комеморација за годишнината од пожарот , кој ја претвори катедралата во градилиште, на кое меѓутоа сега работата е стопирана поради пандемија на коронавирус.
Големата катедрала Нотр Дам посветена на Богородица за Французите не е само светски прочуена средновековна готска катедрала, туку го претставува срцето на Париз и градба која е овековечена од поети, писатели и сликари.
Катедралата ја опеа поетот Жерар де Нервал, кој во 1832 година и посвети песната „Богородичната црква во Париз“. Една година порано, Виктор Иго го напиша романот, „Богородичната црква Богородица во Париз“, литературен омаж за катедралата, ѕвонарот Квазимодо и ромската танчерка Есмералда.
Импресивната катедрала инспирирала и многу сликари низ вековите- од Матис до Пикасо. Уметничкиот омаж на Нотр Дам погледнете го во насловното видео.