1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УНХЦР-шест децении помош на бегалците

14 декември 2010

Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за бегалци оваа година слави 60 години од постоењето. УНХЦР е родена по Втората светска војна. Од мала организација прерасна во заштитник на бегалците во 120 земји.

УНХЦР во помош на авганистански бегалциФотографија: AP

Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за бегалци е родена по Втората светска војна, првобитно како агенција која требало да постои три години и да им помогне на околу еден милион луѓе распрснати низ Европа. Но, шест децении подоцна, УНХЦР се‘ уште постои.

Со растежот на агенцијата за бегалци, чиј основач е Организацијата на Обединетите нации на 14 декември во 1950 година во Женева, се менувал и начинот на нејзиното дејствување и задачите. Наспроти првобитниот оригинален мандат, УНХЦР строго земено, веќе не е само организација која се грижи за бегалците. Таа во меѓувреме е една од клучните светски хуманитарни организации. Нејзините задачи вклучуваат посредување и заштита на раселените и апатридите.

Всушност, тоа што УНХЦР влетува од една бегалска криза во друга и не е причина за славење. Но, фактот дека агенцијата во изминатите 60 години им помогнала на повеќе од 50 милиони бегалци да го започнат наново својот живот, секако е вреден за одбележување. УНХЦР има добиено две Нобелови награди за својата работа.

Пресвртен момент на работата на УНХЦР

Во 1956 година Организацијата на ОН за бегалци се соочи со првиот голем предизвик. Советските трупи го задушија бунтот во Унгарија, што за 180 илјади Унгарци значеше бегство во соседните држави. Консултантот и поранешен портпарол на УНХЦР Рон Редмонд ова го истакнува како пресвртен момент за организацијата. Основањето бегалски кампови и обезбедувањето храна и основна медицинска помош за големи групи луѓе од различни земји стана главен ангажман за агенцијата:

Логото на УНХЦРФотографија: AP

„Агенцијата до тоа време се занимаваше со она што го нарекуваме индивидуални случаи. Оттогаш, таа започна да работи со големи групи луѓе кои бегаат поради иста причина.“

Во 1960-те, деколонизацијата на Африка започна да предизвикува повеќе бегалски кризи. Следеа Азија, Виетнам, милионите авганистански бегалци, а во 1994 година УНХЦР требаше да се грижи за стотици илјади луѓе кои по геноцидот ја напуштија Руанда.

Светот денеска е покомплициран откако пред 60 години кога беше основан УНХЦР. Меѓународните војни им отстапија место на цивилните конфликти. Пред 6 децении УНХЦР имаше 30 соработници и буџет од 300 илјади американски долари за да се справи со околу еден милион бегалци во Европа. Сега во организацијата се вработени 7 илјади луѓе, а нејзиниот буџет порасна на повеќе од три билиони американски долари. УНХЦР згрижува и помага на околу 30 милиони бегалци, меѓународно раселени лица и апатриди во 120 држави.

Автор: Лиза Шлајн/Жана Ацеска

Редактор: Горан Чутаноски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми