УНХЦР ја критикува Италија за случајот Кап Анамур
23 јули 2004![Африканските бегалци на „Кап Анамур„](https://static.dw.com/image/1266325_800.webp)
Реклама
Високиот комесаријат за бегалци смета дека Италија за време на целиот процес требала да ги игнорира советите на сопствената комисија за бегалци, африканците кои минатата недела со бродот на германската хуманитарна организација пристигнаа на Сицилија, да бидат вратени.
УНХЦР изразува загриженост заради очигледното игнорирање на општоприфатените меѓународни и Европски стандарди за време на процесот.
Според оваа организација 25 од 37 азиланти биле вратени во Гана, откако претходно петмина беа испратени во Нигерија. Министерството за Внатрешни работи на Италија изјави дека уште 6 мина од бегалците, Нигерици ќе бидат испратени со првиот авионски лет.