1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Ураганот „Зорбас“ остави пустош, тројца исчезнати на Евија

ЖА / агенции
30 септември 2018

Ураганот „Зорбас“ во Средоземното Море веројатно ќе земе и жртви. Три лица се водат за исчезнати. Невремето значително ослабе откако стигна до копното.

Griechenland Schwerer Herbststurm in der Ägäis
Фотографија: Reuters/Eurokinissi

Пустош и веројатно жртви остануваат зад ураганот „Зорбас“ кој на викендов помина низ Егејот. На островот Евија, источно од Атина, денеска попладне двајца мажи и една жена се пријавени за исчезнати. Ураганот значително губи во сила со пристигнувањето на копното.

Фотографија: Getty Images/AFP/A. Messinis

Шефот на Грчката служба за цивилна заштита ги предупреди граѓаните за време и по обилните дождови во никој случај да не преминуваат реки и потоци, зашто тие исклучително брзо можат да се претворат во надојдени буици. Исчезнатите луѓе на Евија биле зафатени од нараснати маси вода при премин на поток со нивниот автомобил.

Фотографија: Reuters/Eurokinissi

Вчера и ноќеска невремето предизвика огромни штети првенствено на полуостровот Пелопонез и на островот Евија и го парализира водниот сообраќај во Егејот. Повеќе регионални патишта се поплавени, а автопатот Атина-Патрас беше во прекин. Проблеми има и при одвивањето на железничкиот сообраќај. Силната бура предизвика големи штети и во земјоделството, а бројни помали бродови и чамци во пристаништата се потопени. Ситуацијата со сообраќајот полека се нормализира со стишувањето на невремето. Експертите на Националната метеоролошка служба во меѓувреме не го класифицираат како ураган, туку зборуваат за голема бура.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми