1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ураганот „Катрина“ се приближува кон Њу Орлеанс

29 август 2005

Околу 500 илјади жители на американскиот Њу Орлеанс се во бегство од градот поради опасноста од ураганот „Катрина“.Властите наредија евакуација пред налетот на еден од ,како што се проценува,најсилните урагани досега

Фотографија: AP

Градоначалникот на Њу Орлеанс,Реј Нејџин предупреди дека денеска може да се очекува налет од бранови од 8,5 метри и поплава на делови од градот.Ова е опасност со која досега не сме се соочиле,изјави тој.Њу Орлеанс се наоѓа на надморска височина под нивото на морето,а ураганот веќе загрози дел од брегот,се очекува дека тој ќе ги зафати и нафтените постројки на брегот.

Во четвртокот „Катрина“ помина преку југоисточниот брег на Флорида,притоа загинаа седум луѓе.Според експертите од Националниот центар за ургани во Мајами, во меѓувреме „Катрина“достигна највисок степен на скалата Сафир Симпсон за урагани.Нејзините краишта достигнаа брзина до 284 километри на час.

Американскиот претседател Џорџ Буш објави вонредна состојба во сојузната држава Луизијана и апелираше:

„Ние ќе направиме се што е во нашата моќ за да им помогнеме на луѓето областите погодени од ураганот „Катрина“,кој сега достигна до 5-ти степен на скалата.Апелиран до сите граѓани заради нивна и заштита на нивните семејства внимателно да ги следат и да ги почитуваат инструкциите на локалните власти,изјави американскиот претседател.

Откако ураганот помина на бреговите на Флорида,штетите што таму ги причини се проценуват на околу 600 милиони до две милијарди долари.„Катрина“ влијае и на производството на нафтата во заливот Мексико,што следните недели може да предизвика натамошен раст на ионака високата цена на нафтата и природниот гас.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми