Усвоена декларација на конференцијата во Охрид
28 октомври 2007Реклама
Учесниците на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, денеска во Охрид усвоија Декларација за унапредување на меѓуверскиот дијалог. Со неа се осудуваат сите форми на верско насилство и нетолеранција, злоупотреба на верата како и сите видови дискриминација. Декларацијата ќе се достави до Генералното собрание на Обединетите Нации, до владите на државите членки на ОН, како и до редица други меѓународни организации. Претседавачот со конференцијата, македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски оцени дека конференцијата е голем успех не само за Македонија туку и во меѓународни рамки.