1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Усогласен договорот меѓу Македонија и Бугарија

БГ
14 јули 2017

Министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија го усогласиле текстот на договорот за пријателство, вели министерот Никола Димитров во интервју за агенцијата Ројтерс. Премиерите ќе го потпишат на 2. август

Minister der neuen mazedonischen Regierung
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Македонија и Бугарија го усогласија текстот на договорот за пријателство кој треба да им стави крај на долгогодишните тензии и спорови, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров за агенцијата Ројтерс.

„Потпишувањето на договорот за пријателство со Бугарија ќе го зајакне нашиот кредибилитет, ќе покаже дека сме сериозни и дека сакаме да градиме пријателства во нашиот регион“, вели Димитров.

Останува актуелна најавата дека договорот ќе биде потпишан на заедничката прослава на Илинден на 2. Август од премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Надежите се дека договорот ќе им стави крај на долгогодишните спорови околу историјата, идентитетот, јазикот и етничките малцинства кои често ги нарушуваа односите.

Споровите кои со Македонија ги имаат нејзините соседи Грција и Бугарија со години го блокираат приближувањето на земјата кон ЕУ и нејзиното членство во НАТО. Новата влада се надева дека на овој начин ќе им даде нов замав на надежите за евроатлантска интеграција, пишува Ројтерс.

Спорот со Грција- клучен проблем

Најголем проблем, сепак, останува спорот околу уставното име со Грција. Димитров потврдува дека при посетата на Атина во јуни годинава предложил Грција да ѝ дозволи влез на Македонија во НАТО под привременото име, а потоа да продолжат преговорите за изнаоѓање заедничко прифатливо решение.

Грција досега се противеше на такво решение, но западни дипломати за Ројтерс велат дека промената на владата во Македонија им дала нов поттик на напорите на ЕУ и НАТО за решавање на проблемот и отворање на патот на земјата кон интеграција.

Димитров не кажува каков бил одговорот на Грција на неговото барање, но вели дека не треба да се очекува брз пробив.

„Тоа не можеме да го сториме преку ноќ, туку чекор по чекор“, вели Димитров и дополнува дека секое решение ќе мора да помине на референдум.

Вчера во Солун се одржа трилатерална средба на грчкиот и бугарскиот премиер Алексис Ципрас и Бојко Борисов и српскиот претседател Александар Вучиќ. Тие порачаа дека предуслов за европските интеграции на Македонија се стабилизацијата на земјата и суштински дијалог за изнаоѓање решение во спорот за името.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми