1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успехот на Обама

Миодраг Шориќ/превод:БГ13 април 2015

Непријателството кое трае веќе 50 години не може така лесно да заврши. Сепак, во Панама сити се случи нов почеток меѓу Вашингтон и Хавана, и тоа благодарение на Барак Обама, смета Миодраг Шориќ

Фотографија: Reuters

Барак Обама е тој што на Самитот на Америка и‘ стави крај на политиката на блокада на САД кон Куба. На тој начин испиша едно историско поглавје. За неколку години приближувањето со Куба ќе се вборјува во надворешно-политичката оставштина од ерата на Обама. Сепак, претходно во Вашингтон жестоко ќе го критикуваат поради промената на насоките и тоа пред сѐ од редот на Републиканците, кои сѐ уште живеат во минатото.

Кастро внимателен

Поради што требаше да продолжи една политика која го надживеа своето време, т.н. Студена војна? Поради тоа, одлуката на Обама да им пружи рака на помирување на Кубанците е исправна. Кубанскиот претседател Раул Кастро (84) иако со задршка, ја прифати раката на помирување. Беше за очекување дека стариот револуционер тешко ќе се прости од битките од минатото. Кастро сѐ уште грчевито се држи до револуцијата бидејќи истата ја смета за единствената легитимација на неговото доаѓање на власт. Раул Кастро одбива слободен интернет, слободни медиуми или политичка опозиција. Но, ни тој нема да биде во состојба да ги запре промените кои наскоро ја очекуваат Куба.
Обама, особено кај младите Кубанци, разбуди надеж за промени, за крај на политиката на санкции и во слободата на движење и јавно изразување мислење. Тие нема лесно да се откажат од таа надеж, па дури и доколку самиот Кастро се одлучи да им ја одземе.
Од друга страна, од новиот политички почеток во односите со Куба, Вашингтон уште сега профитира. Претседателите на држави, кои инаку агресивно реагираат и на самото споменување на САД, на американскиот Самит во Панама беа воочливо тивки. На пример, претседателот на Венецуела Николас Мадуро. Во сенка на приближувањето меѓу Куба и САД и општата помирлива атмосфера на конференцијата, и Мадуро се почувствува повикан да каже нешто позитивно на сметка на САД. И тоа така што на сите им стави до знаење дека ја сака музиката на Ерик Клептон. Проблемот на Мадуро е што Клептон воопшто не е Американец туку Британец, но нема врска, важен е гестот, а тој е помалку непријателски кон Вашингтон од вообичаеното.

Миодраг ШориќФотографија: DW

Ова е само почеток

Навистина, Вашингтон и Хавана се‘ уште не воспоставиле дипломатски односи. Недовербата нема да исчезне преку ноќ. Различните погледи на важните политички прашања и натаму се присутни. Но, порано или подоцна, во метрополите на Куба и САД повторно ќе бидат отворени амбасадите. Тоа е во интерес на обете страни. САД ги следат своите политички цели и сакаат, по можност, да ги нормализираат односите со сите на јужниот дел на континентот. На Куба отворањето кон север и‘ е потребно од економски причини. И без оглед на тоа со која брзина ќе продолжи процесот на приближување на САД и Куба, се работи за процес кој ќе оди напред.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми