Успешно отворање на новиот руски космодром
28 април 2016Реклама
Ракета „Сојуз 2.1а“, која во Земјината орбита однела три научни сателита, утрината успешно полета од новиот руски космодром Восточни.
Тоа е прво лансирање на ракета од овој космодром, изграден за Русија да ја намали својата зависност од космодромот Бајконур во Казахстан.
„Ракетата успешно полетала во предвиденото време, точно во 11.01 по локално време“, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос и додаде дека сателитите веќе се во орбитата.
Руските телевизии емитуваа снимка од полетувањето на ракетата, а на лансирањето присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин.
Погледнете го вебвидеото од лансирањето на првата ракета од Восочни: