1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Устав за иднината на Косово

Фабијан Шмит16 јуни 2008

Косовскиот Устав и официјално стапи на сила. Тој треба да биде основа на развој на суверената држава. Кои се пречките и предизвиците?

Уставот беше усвоен на свечена церемонија во ПриштинаФотографија: AP

Тоа што предавањето на надзорот над Косово се уште не е завршена работа поради руското вето, речиси нема никакво влијание врз иднината на државата. Со одлуката УНМИК засега да остане во земјата, генералниот секретар на ОН погоди две муви со еден удар. Прво, може да се спроведе планот на посредникот на ОН, Марти Ахтисари со што Косово ќе продолжи да се развива како суверена држава. Второ, останува на сила и меѓународно - правната рамка на резолуцијата 1244, и Русија се потешко ќе може развојот на Косово да го минира со меѓународно-правни аргументи. Во пракса, ќе дојде до значително намалување на мисијата на ОН, и речиси сите надлежности коишто таа ги има во управата и надзорот над институциите, под закрила на нивниот мандат ќе им ги префрлаат на ЕУ и правната мисија ЕУЛЕКС. Впрочем ќе остане само мала мисија на УНМИК, кој ќе биде само едно делче од сегашната. Наспроти неа стои мисијата на ЕИ со неколку илјади експерти.

Поголема надлежност за косовските институции

Истовремено косовските институции ќе ги превземат основните суверени надлежности. Ќе се основаат сите владини ресори коишто треба да ги има една суверена држава - значи и министерство за одбрана и надворешни работи. Конфликтна останува ситуацијата во северниот дел на Митровица, којашто е под контрола на Србите, како и во енклавите населни претежно со српско население во останатите делови на земјата. Тие места и понатаму остануваат под надзор на УНМИК, поради што таму може да дојде до спор меѓу косовската влада и УНМИК поради прашањето за територијалниот суверенитет. Северна Митровица е контролирана од Белград, а не постојат ниту ефикасни гранични контроли кон Србија. Исто така, Србите таму си основаа сопствена парламентарна и локална власт која функционираа според српското право, а којашто не е признаена ниту од УНМИК.

Мора да се разреши јадрото на конфликтот

Се’ укажува на тоа дека таму трупите на КФОР заедно со меѓународната полиција ќе мора да се погрижат за остварување на власта којашто му припаѓа на УНМИК. Но, тоа значи дека треба да се разреши јадрото на конфликтот, нешто што не им успеа на дипломатите во изминатите години: а тоа е прашањето за статусот. Притоа е важно, УНМИК и ЕУ да сторат заедно се’, за отцепничките делови на Косово да се примораат на дијалог и со градење на чекори на доверба да се интегрираат во земјата. Истовремено мора категорично да се дејствува против обидите за поделба на земјата. Косовската влада, од своја страна треба да биде среќна што преку мисијата на ОН е така да се каже ослободена од одоговорност за проблематичниот север. Тие не треба со страв да гледаат кон Митровица, туку да се сконцентрираат кон она што е навистина важно: мора да ги зајакнат сопствените демократски институции, да ја продолжат борбата против корупцијата, криминалот и сивата економија и да им пружат целосна поддршка на малцинствата. Само така може да докажат дека државата Косово ја заслужува независноста. И можеби само така ќе успеат да ги убедат Србите на северот дека и тие имаат добра иднина на Косово.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми