1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ута Цапф: решение за Косово според препораките од МКГ, но секако и со учество на Србија

31 јануари 2005

Предлогот на Меѓународната кризна група - МКГ за независност на Косово како можно решение на кризата, отвори дебати со понекогаш и спротивставени позиции. Ута Цапф, пратеник од СПД, е за препораките на МКГ, но исто така и за вклучување на Србија во процесот на донесување решение. Дали независност на Косово би влијаела врз Македонија, според Цапф, зависи од тоа како ќе се однесува ДУИ.

Социјалдемократската пратеничка во Бундестагот и член на Кураториумот на МКГ, Ута Цапф во интервју за Дојче Веле ги поддржа залагањата на Групата, но укажува дека со минатогодишните мартовски безредија и недоволното спроведување на стандардите што ги постави меѓународната заедница, ситуацијата стана уште покомпликувана. Таа исто така искажа сомневање дали решение без Србија би било добро во контекст на целиот регион и дали воопшто би можело да функционира: “Мора во секој случај да биде направен обид под сите околности сепак да биде активиран дијалогот со Србија - и тоа директно да се дискутира прашањето за идниот статус. Притоа ќе биде важно Србија да не остане како губитник, туку нешто и да добие, за да може политички нешто да прикаже пред побргу националистички настроеното население. Тоа значи дека Европејците мора да и’ направат посилна понуда на Србија. Но, во моментов тоа не се случува бидејќи таа целосно одбива соработка со Хашкиот трибунал. Значи, една многу заплеткана ситуација” – вели Цапф.

Каква порака, според неа, би произлегла од евентуална независност на Косово за другите конфликти - регионални и пошироко?

“Тоа, се разбира, е едно од страхувањата, поради тоа е и Русија толку внимателна по ова прашање. Сметам дека во Црна Гора тоа не е проблем, зашто таму и нема меѓуетнички судири. Во Македонија зависи од тоа како ќе се однесува партијата на Ахмети, која е во власта. Неа ја проценувам како релативно рационална и разумна, зашто точно знае дека Македонија многу би загубила ако повторно започнат конфликти и можеби ако Албанците во Македонија би истакнале желба да се обединат со Косово. Значи навистина е многу важно Косоварите да кажат да за условите што им се поставени со предлогот”.

МКГ експлицитно бара цивилно решение на прблемот како основна претпоставка, потоа откажување од какви било натамошни територијални аспирации за обединување со Албанија или приклучување други територии од соседството, при што посебно се мисли на Македонија. Целиот процес, конечно, мора да биде меѓународно набљудуван, нагласи Ута Цапф.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми