1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Владата одлучи - полициски час од полноќ

ДТЗ
11 мај 2021

Од утре се отвараат вежбалните, фитнес центрите и теретаните.Утревечер поради верскиот празник Рамазан Бајрам нема ограничување за движење.

Nord-Mazedonien Skopje | Coronakrise: Gastronomie muss wieder schließen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Утревечер поради верскиот празник Рамазан Бајрам граѓаните без никакви ограничувања ќе можат да се движат во текот на ноќта. Од четврток пак, стапува на сила нова олеснителна мерка со која полицискиот час ќе почнува од полноќ и ќе трае до 5 часот изутрина. Ваква одлука донесе Владата, со што се олабавуваат дел од рестриктивните мерки коишто беа на сила поради пандемијата со Ковид-19. 
Угостителските објекти ќе може да работат до 23.30 часот. Од утре, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор. Од утре се отвараат и вежбалните, фитнес центрите и теретаните.

-повеќе на темата: Филипче: Маски мора да се носат, рано е за свадби и концерти

Mинистерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се  врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјата.
На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 701 и има околу 1.000 празни болнички кревети во Ковид-центрите. Минатата недела е регистриран пад за над 37% на заразени од Ковид-19, во споредба со неделата претходно, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, односно 39%. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (17,4%), 50-59 (16,0%), 30-39 (13,5%) и 20-29 (8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,0%) и 10-19 години (4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%), се наведува во извештајот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми