Утре промоција на Алијансата за позитивна Македонија
25 јуни 2013Во денешното соопштение на Иницијативниот одбор на Граѓанското движење - алијанса за позитивна Македонија во кое се најавува утрешната промоција меѓу другото се наведува „Во Позитивна Македонија сме здружени и обединети граѓани од град и од село! Ние знаеме што треба и како треба да ја направиме посилна, поуспешна и попривлечна нашата татковина Македонија! Да ја направиме Македонија земја на можности за сите кои сакаат да живеат, да работат, да создаваат семејство и свое огниште овде! Дома. Големи можности за сите без разлика на пол, вера, националност и други разлики...
Затоа, почитувани наши пријатели би биле пресреќни да ни се придружите на патот на остварувањето на оваа благородна и благословена мисија ...“, стои во соопштението од Иницијативниот одбор.
Промоцијата на Граѓанското движење - алијанса за позитивна Македонија, ќе биде утре на пладне.