1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Утре средба на Контакт Групата за Косово

30 јануари 2006

Министрите за надворешни работи на земјите членки од Контакт групата за Косово утре се среќаваат во Лондон, со цел да го разгледаат почетокот на преговорите меѓу Белград и Приштина околу идниот статус на покраината.

Фотографија: AP

Шефовите на дипломатиите на САД, Русија, Германија, Италија, Франција и Велика Британија, во британската претстолнина ќе го информираат специјалниот претствник на ОН за Косово Марти Ахтисари. Тој во петокот во Брисел , по состанокот со претставниците на Европската Унија хавиер Солана и Оли Рен рече дека во тек се контакти со Белград и Приштина околу нов датум за состанокот за децентрализацијата на Косово и дека в среда, експерти од Унијата ќе дојдат во Виена да разговараат со неговата екипа.

Ахтисари очекува дека одложените преговори за децентрализација на Косово ќе почнат што побргу, на почетокот на февруари.

„Треба да се обидеме до крајот на годинава да го расчистиме прашањето за статусот. Тоа не е најважниот аспект, но мојот работен договор со Обединетите нации завршува на 9 ноември„ изјави Ахтисари при посетата на Брисел.

Почетокот на преговорите меѓу Белград и Приштина кон средината на месецов во Виена го разгледуваа политичките директори на министерствата за надворешни работи на земјите членски на Контакт Групата, а таа средба беше некој вид подготовка за денешниот состанок во Лондон.

Преговорите на тема децентрализација на власта во Косово беа планирани за 25 јануари, но беа одложени поради смртта на претседателот Ибрахим Ругова.

Поради новонастанатата ситуација во покраината, бидејќи ругова беше и предводник на приштинскиот тим во преговорите, на Косово е испратемн заменикот на Ахтисари Албер Роан.

Претставниците на водечките земји на меѓународната заедница апелираа до албанските преговарачи на Косово , по смртта на претседателот Ругова да го реафирмираат своето единство и да се заангажираат за формирање на единствена екипа за преговорите.

Белград формираше преговарачка делегација, ја одреди платформата на децентрализацијата и најави подготвеност за почеток на преговорите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми