УФО се заканува со општ штрајк
5 септември 2012Синдикатот на помошниот летачки персонал на „Луфтханза“ се закани дека в петок ќе прогласи генерален штрајк доколку раководството на авиокомпанијата одбие да ги прифати неговите барања за зголемување на платите и зачувување на работните места.
Стјуардите и стјуардесите вчера беа во неколкучасовен прекин на работата заради што беа откажани околу 350 летови до и од европските дестинации на германскиот авиопревозник, а погодени беа повеќе од 40 илјади патници.
Истовремено, од синдикатот УФО истакнаа дека може и да не посегнат по генерален штрајк доколку управата на компанијата се согласи за обновување на преговорите преку посредник и без претходни условувања.
Од „Луфтханза“, меѓутоа, не даваат никакви знаци дека ќе отстапат, и покрај тоа што компанијата губи милиони евра заради штрајкот.
„Луфтханза“ го обвини УФО дека води работен спор врз грбот на патниците, а со својата стратегија да објавува штрајкови само неколко часа претходно на патниците не им дава можност да си направат алтернативни планови за патување.