1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Учениците до трето одделение во училиште, останатите oнлајн

БГ
18 август 2020

Министрите за здравство и образование денеска го претставија планот за почетокот на учебната година во услови на пандемија на коронавирус. Во училишните клупи ќе седнат децата од прво до трето одделение, останатите дома.

Nord-Mazedonien | Schulbeginn in Skopje
Фотографија: P. Stojanovski

Учениците до трето одделение ќе можат физички да следат настава, доколку така одлучат нивните родители, додека сите останати ќе ја започнат школската година онаму каде што ја завршија- во своите домови. Министрите за здравство Венко Филипче и образование Арбер Адеми денеска го претставија планот за новата учебна година кој предвидува и исклучоци, во зависност од епидемиолошката состојба со коронавирусот и желбата на родителите.

„И покрај тоа што крајна цел на Владата беше учениците да се вратат во училишните клупи, мора да бидеме максимално свесни и внимателни за да се намали ризикот од ширење на вирусот и да се зачува здравјето на населението“, рече Филипче. 

- повеќе на темата: Коронавирусот и училиштата во Германија

Начелно, во училиште ќе можат да одат децата од 1 до 3 одделение, а во случај нивниот родител да не се согласува со тоа, алтернативно ќе можат да следат настава и од дома, онлајн.

Ковид-19: Импровизирани прегради за безбеден училишен ден

01:04

This browser does not support the video element.

Одлуката да им се дозволи на овие деца да посетуваат настава, според министерот Филипче, се должи на истражувањата кои покажале дека кај нив има најмала инциденца на зараза со ковид-19, тие се асимптоматски и со лесна клиничка слика.

И децата над трето одделение ќе имаат можност физички да следат настава доколку општините го побараат тоа.

„По барање на општините, а во согласност со епидемиолошката состојба, ќе се разгледуваат барањата за реализација на наставата со физичко присуство и за тоа ќе се одлучува дополнително, за секоја општина одделно“, рече министерот Адеми. Таква можност, во прв ред, ќе добијат училиштата со мал број ученици и паралелки.
Во оние паралелки каде ќе се одвива настава, таа ќе биде ограничена на 20 ученици, кои ќе треба да носат маски и да одржуваат растојание од 1,5 метри.
Децата од социјално загрозени семејства ќе добијат компјутери од владата.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми