1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште еден бивш шеф на УДБА на пат за Германија

БГ/бета16 април 2014

Врховниот суд на Хрватска одлучи дека поранешниот челник на југословенската тајна служба, УДБА, Здравко Мустач може да и биде израчен на Германија.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Германија го бара Мустач поради сомнеж дека е вмешан во убиството на политичкиот емигрант Стјепан Ѓурековиќ во 1983. година во Минхен. Поради истиот случај, претходно во Германија веќе беше израчен и поранешниот југословенски и хрватски разузнувач Јосип Перковиќ.

Адвокатот на Мустач, Лидија Хорват, синоќа потврди дека Врховниот суд ја одбил жалбата на одбраната на решението на судот во Вараждин, кој претходно го одобри израчувањето на Мустач во Германија врз основа на европски налог за апсење.

Врховниот суд на почетокот на годината во истиот случај ја одби и жалбата на Јосип Перковиќ на решението на загребскиот суд за негово израчување.

Жалбата на Перковиќ потоа беше одбиена и од Уставниот суд по што тој кон крајот на јануари им беше предаден на германските власти.

Случајот на Мустач се искомплицира откако судот во Велика Горица го одби неговото израчување, но на ваквата одлука се жалеше вдовицата на убиениот Ѓурековиќ, по што Врховниот суд ја донесе конечната одлука.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми