Уште еден христијански храм во Турција станува џамија
БГ /РТР
21 август 2020
Турскиот претседател Ердоган ја претвори историската црква во Карије, една од најпознатите византиски базилики во Истанбул, во џамија. Пренамената се случува само еден месец откако истата судбина ја снајде и Аја Софија.
Реклама
Средновековната Црква на светиот спасител во Карије (Хора), изградена во близина на античките градски тврдини на Константинопол, содржи византиски мозаици од 14 век и фрески кои прикажуваат сцени од библиски приказни. Тие биле покриени откако градот бил освоен од отоманите во 1453 година, но повторно откриени откако, како и Аја Софија, црквата беше претворена во музеј од турската секуларна република пред 70 години.
Ердоган, чија партија АКП има основа во политичкиот Ислам, се позиционира себеси како заштитник на муслиманите, а минатиот месец им се придружи на илјадници верници за време на првата молитва во Аја Софија по 86 години.
Потегот беше остро критикуван од црковните лидери и некои западни земји кои оценија дека претворањето на Аја Софија во џамија за муслиманските верници може да го продлабочи верскиот јаз.
Минатиот месец суд во Турција на поништи владината одлука од 1945 година со која Карије (или Хора) беше претворена во музеј.
Денеска, уредба потпишана од Ердоган и објавена во турскиот службен весник, наведува дека „управувањето со џамијата Карије се префрла на Директоратот за верски прашања, и се отвора за молитви“.
Црква на тоа место за првпат била изградена во 4 век, но поголемиот дел од актуелниот објект датира од црква од 11 век која била делумно реконструирана 200 години подоцна по земјотрес.
Света Софија: црква, џамија, музеј,...и повторно џамија
Аја Софија е стара речиси 1.500 години. Поранешната црква, а подоцна џамија во моментов е музеј. Но, сега веќе ништо не стои на патот на желбата на турскиот претседател Ердоган таа повторно да биде џамија.
Фотографија: picture-alliance/Marius Becker
Архитектонска пресвртница
Во 532 година, римскиот император Јустинијан наредил изградба на вдахнувачка црква во неговата резиденција Цариград - „оној кој никогаш не постоел од времето на Адам, и оној кој никогаш повеќе нема да постои“. Околу 10.000 работници биле вклучени во градежните работи. Речиси цел милениум, базиликата на Босфорот била најголемата црква на христијанскиот свет.
Се вели дека Јустинијан вложил речиси 150 тони злато во изградбата на Аја Софија. Но, црквата имала потреба од корекции. Најпрво, куполата била премногу рамна, а потоа била оштетувана од земјотреси. Аја Софија - „Света мудрост“ - брзо по изградбата се користела како официјална црква на Римското Царство. Од VII век, таму биле крунисани речиси сите византиски императори.
Фотографија: Getty Images
Трансформација на црквата во џамија
Во 1453 година доаѓа крајот на византиското владеење во Цариград. По освојувањето на градот, султанот Мехмет Втори од Отоманската империја ја претворил Аја Софија во џамија. Крстовите биле заменети со полумесечини, ѕвоната и олтарите биле уништени или отстранети, а мозаиците и фреските пресликани. Додавањето на првото минаре ја трансформирало црквата во џамија.
Фотографија: public domain
Џамијата претворена во музеј
Основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ја претворил Аја Софија во музеј во 1934 година. За време на големата реставрација, ископани се старите византиски мозаици. Требало многу да се внимава да не се уништат подоцнежните исламски декорации за време на овој процес.
Фотографија: AP
Византиски икони
Најраскошен мозаик во Аја Софија е уметничкото дело од 14 век кое било ископано на ѕидот на јужната галерија. И покрај тоа што не можело целосно да се реставрира, јасно се видливи лицата: Исус како владетел на светот е прикажан во средина, придружуван од Марија (лево) и Јован (десно).
Фотографија: STR/AFP/Getty Images
Исламот и христијанството на едно место
Разноликата историја на Аја Софија е видлива насекаде. Зборовите „Мухамед“ (лево) и „Алах“ (десно) помеѓу Света Марија со новороденчето Исус во нејзиниот скут (во задниот дел).
Фотографија: Bulent Kilic/AFP/Getty Images
Барања на православните христијани
Вартоломеј I, Вселенскиот патријарх и почесен поглавар на сите православни христијани, исто така, долго полага право на Аја Софија. Многу години, тој бара да се дозволат христијански литургии и молитви во базиликата. Тој се изјасни против пренамената на музејот во џамија.
Фотографија: Getty Images/AFP//A. Kisbenedek
Светско културно наследство
Од 1985 година Аја Софија е дел од листата на УНЕСКО на светско културно наследство. Нејзината 55 метри висока главна купола и четирите минариња волшебно ја одбележуваат панорамаѕа на турската метрополола Истанбул. Овој поглед е одамна омилен мотив за поштенските картички не само на туристите.
Фотографија: picture-alliance/Marius Becker
Света Софија повторно станува џамија
На 10 јули 2020 година Врховниот управен суд во Турција го расчисти патот Аја Софија да се користи како џамија. Судиите го поништија статусот на музеј на прочуеното здание. Со тоа од чисто правна гледна точка, религиозни церемонии би повторно можеле да се одржуваат во Аја Софија. Судот со тоа ја следи желбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.