1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Уште колку ќе трае војната во Украина?

СН/агенции
4 јуни 2022

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак за првпат говореше за можниот временски термин за крај на руската инвазија врз неговата земја. Неговата прогноза е уште два до шест месеци.

Шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Михаило Подољак
Шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Михаило ПодољакФотографија: Emin Sansar/AA/picture alliance

Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, изјави дека војната со Русија може да потрае и до половина година. „Ова би можело да се одложи уште два до шест месеци“, рече тој во интервју за опозицискиот руски портал Медуза.

Подољак рече дека клучен фактор за траењето на војната е количеството на залихи на оружје, а вториот е расположението во Европа, Украина и во Русија, кое би можело да се промени во текот на времето.

Мировни преговори би можело да има само кога ситуацијата на терен би се променила и кога Русија веќе нема да смета оти може да ги диктира условите.

Тој предупреди дека со територијални отстапки кон Русија нема да биде ставен крај на војната. Некои градови, како Мариупол и сега Северодоњецк во кои се водеа или водат најжестоки борби, всушност веќе не постојат.

Подољак руските загуби досега ги процени на вкупно 80.000 луѓе. Тоа вклучува и мртви и ранети од редовите на војската, сепаратистите и припадниците на платеничката група Вагнер.

Тој изјави оти по катастрофалните почетни фази на војната за Москва, со до 1.000 мртви дневно, сегашните загуби на руските и украинските војници се „споредливи“.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна наведе дека украинските загуби се со 100 мртви и 500 ранети дневно.

Украинкските власти, во меѓувреме, соопштија дека го повратиле дел од индустрискиот град Северодоњецк во областа Луганск, и оти деловите на градот би можеле да ги бранат уште две недели. Северодоњецк во моментов е главна цел на руската офанзива.

Украина: Нагазни мини по нивите, блокиран извоз на жито од земјата

02:24

This browser does not support the video element.

Гувернерот на провинцијата Луганск, Сергеј Гадал, за државната телевизија изјави оти украинската војска ја вратила контролата над 20 отсто од териториите кои порано ги загубиле во овој град. Тој додаде дека не е реално оти градот би можел да падне во наредните две недели дури и ако се распореди руско засилување.

„Оној момент кога ќе имаме доволно западно далекусежно оружје ќе можеме да ја отфрлиме нивната артилерија од нашите позиции. Тогаш, верувајте ми, нивната пешадија само ќе побегне“, рече Гадаи.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми