1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ујгурските сепаратисти осомничени за терористичкиот напад

БГ/афп/бета2 март 2014

Вооружени напаѓачи убиле најмалку 29 лица во Кина, а во првичната реакција од Пекинг се наведува дека станува збор за терористички напад за кој се осомничени ујгурските сепаратисти.

Фотографија: REUTERS

Во нападот кој синоќа на железничката станица во градот Кунминг го извршила група вооружена со ножеви, ранети се повеќе од 130 луѓе, јави кинеската новинска агенција Синхуа. Полицијата убила четворица напаѓачи, а по останатите се трага. Според полицијата, во нападот учествувале најмалку 10 маскирани напаѓачи.

Локалната влада за нападот ги обвини ујгурските сепаратисти од провинцијата Синкјанг, регион во Кина во кој живеат припадници на ова муслиманско малцинство.

Кунминг е неколку илјади километри оддалечен од областа Синкјанг, каде досега вообичаено се случуваа терористичките напади на Ујгурите, кои се залагаат за отцепување од Кина.

Пекинг тврди дека организаторите на нападот се поврзани со радикални муслимански организации во соседните земји.

Во октомври минатата година во Пекинг загинаа пет лица откако на плоштадот Тјананмен автомобил влета во група туристи, а потоа удри во ограда. Загинаа тројца Ујгури, членови на исто семејство, кои се наоѓаа во автомобилот, а повредени беа уште 40 лица. За нападот исто така беа обвинети ујгурските сепаратисти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми