1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Факти наместо претпоставки: миграциите во Германија

29 септември 2017

Германската влада претстави 11 извештаи за интеграцијата на странците. Последниот- под влијание на големиот број бегалци кои пристигнаа. Сега и католичката хуманитарна организација Малтезер претстави свој извештај

Symbolbild Migranten Menschenrechte Gesellschaft
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Jensen

Тој извештај на 112 страници е резултат на независни научни анализи за миграцијата и одраз на долгогодишни искуства на Малтезерите во помош на бегалците, рече Карл Принц цу Левенштајн од католичката организација Малтезер во Берлин.
Ларс Петер Фелд, директор на Институтот Валтер Еукен кој беше задолжен за научниот дел од извештајот, потврди дека доселениците од неевропските земји не се снашле добро на германскиот пазар на труд. Како главни пречки ги наведува непознавањето на јазикот, лошото образование и проблемите со признавање на свидетелствата и дипломите. Фелд признава дека „со оглед на образованието и квалификациите на бегалците, за нив повеќе во предвид доаѓаат помошни работи, отколку повисоки дејности“. Сепак, тој се надева дека забрзувањето на постапката за азил ќе придонесе и за побрза интеграција на пазарот на трудот.

Фелд тврди дека стапката на криминал денес е помала одошто пред 20 години. Уделот на осомничените од странско потекло е пораснат од една третина во 1993 година на 40 отсто во 2016, но тој додава дека во таа статистика влегува и кршењето на правилата за азил за странци- односно дела која германски државјани и онака не можат да ги сторат.
„Не може да се тврди дека доаѓањето на бегалците имал значително влијание на растот на криминалот во последните две години“, предупредува Фелд. Но, тој вели дека постојат значителни разлики во однос на потеклото. Па така, 11 отсто од осомничените без германски пасош потекнувале од земјите на Магреб, иако тие сочинуваат само два отсто од населението. А доселениците од Сирија, Ирак и Авганистан, со оглед на нивниот број сториле помалку кривични дела од лицата од други земји.

Подобра интеграција

На прашање за горната граница на способноста на Германија да прима бегалци, Фелд одговара: „Не сум воопшто за горна граница“. Карл Принц ѕу Левенштајн упатува на надлежноста на политиката за тоа прашање и истакнува дека мора да се признае правото, политички да се расправа за одредување на горната граница. Тој нагласува дека е најважно, луѓето кои ќе дојдат, да можат „вистински разумно“ да се интегрираат. Како тоа треба да се спроведе и дали воопшто ќе успее- организацијата Малтезер внимателно ќе следи. Во организацијата се уверени дека миграцијата и натаму ќе остане голем општествен предизвик. И затоа и понатаму, најавуваат, со оглед на своето долгогодишно искуство „со своите објективни извештаи ќе придонесуваат кон расправата“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми