1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фан-артиклите за светското првенство ги полнат касите

Рајна Бројер / Елизабета М. Фиданоска11 јуни 2014

Вувузелата на СП во 2010 година беше предизвикувач на најголема врева. Нејзиниот наследник се вика комбињо. Тој треба да ги шири звуците на самбата на улиците на Германија. Продажбата на комбињо цути.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Кога колбасите во црно-црвено-жолта боја се спакувани, кога во супермаркет ќе снема јаглен за скара и кога децата во училишните дворови разменуваат сликички, тогаш нема дилема - светското фудбалско првенство е на прагот. Навивачи, млади и стари, се радуваат на првенството, економијата исто така. Зашто, пазарот на навивачки производи цути и ветува големи добивки за производителите.

„Ако се погледне бизнисот во Германија со навивачки артикли за фудбал, тогаш може да се види дека годишно навивачите за таа цел трошат една милијарда евра“, вели експертот за спротски маркетинг Петер Ролман. Тука се вбројуваат и давачките за професионалниот фудбал, за аматерските клубови, за репрезентацијата, како и за артиклите со лиценца на ФИФА за светските и европските првенства.

На пример, само една мала фирма во Манхајм, која за СП 2010 во Јужноафриканската Република ја донесе вувузелата во Германија, за неколку недели направи обрт од 30 милиони евра.

„Татковците“ на комбињо - шефовите на фирмата БрандвизионФотографија: Brandivision

„Нашата титула, титулата на светски првак во фан-артикли од 2010 година, ќе ја одбраниме и во оваа 2014 година“, вели самоуверено Герд Керберг, еден од тројцата раководители на фирмата Брандвизион. Заедно со своите партнери тој сака да го продолжи успехот на вувузелата и затоа трескавично беше во потрага по нов предизвикувач на бука за годинава.

„За да ја почуствуваме атмосферата, отидовме во Диселдорф, во едно бразилско бистро. По четвртиот коктел веќе имавме идеја што треба да направиме“, вели Керберг.

Комбињо е тропалка, тапан, кречетало и свирче во едноФотографија: Brandivision

Од тоа произлезе комбињо - инструмент кој се состои од тропалка, тапан, кречетало и свирче. За да може да се користи ваквиот инструмент не се потребни музички познавања и умешност, за него нема упаство за употреба. „Да тропа знае секој, тоа не мора секогаш да звучи добро“, вели Крберг. И вувузелата не звучеше секогаш добро. „Конечно, во фудбалот е така, мора да биде гласно.“

Тоа комбинацијата од четири инструменти го овозможува без сомневање.

Кого го интересира тактиката?

Зошто луѓето купуваат вакви артикли? Па, нели се работи за уметност на трева, за голови и тактика или...? Не, не е сосема така, одговара Себастијан Урих, професор на Универзитетот за спорт во Келн. „Од психологијата е познато дека луѓето имаат потреба да припаѓаат на одредена група. Со тоа тие на другите им покажуваат кои се, на кои социјални категории им припаѓаат“, вели Урих. Едно светско првенство во тој поглед е специјален настан, на кој доаѓа до израз ваквото однесување. Ваков турнир е заразен за сите луѓе, сеедно дали се интересираат за фудбал или не, треската на светското првенство го зафаќа речиси секого.

Фотографија: Panini-Verlags GmbH

Тоа во Германија не беше секогаш така. Атриклите кои прикажуваат национална припадност се видливи на улиците од пред неколку години. Светското првенство во Германија во 2006-та беше клучниот настан, на кој „на Германците првпат им беше малку полесно да ја прикажат со гордост својата национална припадност“, нагласува Урих. И тоа беше и клучната година за индустријата со навивачки производи. Оттогаш црно-црвено-жолто се продава наголемо. И комбињо е во боите на германското знаме. „Очекуваме слично толку голем промет како со вувузелата“, вели Герд Керберг.

Одбројувањето почна. Утре (12.06) почнува првенството, на теренот и на собирните места на отворено на навивачите ширум светот. Касите на производителите на фудбалски фан-артикли се веќе сега полни.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми