1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фатах и Хамас се еднакво одговорни

13 јуни 2007

Ситуацијата во појасот Газа, од почетокот на неделава се влошува. Mногумина говорат веќе за граѓанска војна. Еве како ситуацијата на Блискиот исток ја коментираат денеска германските весници:

Фотографија: AP

“Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ не е многу оптимист:

“Неопходни се брзи и решителни посреднички напори. Египќаните се обидуваат, но она што всушност е потребно е широка блиско-источна иницијатива. Но, Израел е преокупиран со себеси, неговата влада е слаба. Американската супер сила во Ирак околу врат ја има нерешената, а во Авганистан ескалирачка криза. Европа прави дипломатски напори, но досега ниту еднаш не успеа да ги подобри тешките животни услови на Палестинците. “

“Фајненшл Тајмс Дојчланд“ не гледа едноставно решение на проблемот:

“Во појасот Газа конфликтот меѓу двете палестински организации, Хамас и Фатах, тешко може да се разликува од отворена граѓанска војна. Конфликтот е стигнат до точка на која веќе не помагаат ништо малку стандардни рецепти. Доколку воопшто може, тогаш насилството можеби би било запрено со сосема нов ангажман. Стабилност може да се воспостави само со интервенција однадвор. Решение во нужда би можело да биде испраќање мировни сили од големиот сосед Египет, кои би дошле со согласност на двете страни.“

За коментаторот на “Дармштедтер ехо“ е јасно кој е виновен за ескалацијата:

“Палестинците кои се оформени во народ од некогаш многу критикуваниот Јасер Арафат и кои се заколнаа на заедничката цел – формирање држава, во појасот Газа очигледно свесно го уништуваат најважниот елемент на нивното заедништво – надежта. Надежта за сопствена држава, за безбедност и мир.“

“Ноје Оснабрикер Цајтунг“ пишува:

“Хаотичната ситуација има многу врска со наследството на Јасер Арафат. Харизматичниот претседател од Фатах беше од една страна фигура на интеграција, кој можеше со многу напор да ги обедини сите Палестинци. Од друга страна, Арафат со неговиот корумпиран систем му помогна на Хамас денеска да биде толку силен и моќен.“

“Дрезднер Нојестен Нахрихтен“ на работите гледа подиференцирано:

“Хамас и Фатах се спротивставени ако на работите се гледа површно. На нож се повеќе милитантните крила на двете палестински организации. Ниту една од двете страни не е подготвена да прифати државен монопол на насилство и изградба на демократски институции. А, блискоисточниот квартет сепак и натаму се држи до бојкотот на владата на Хамас. Со оглед на радикализацијата кон која посега и Фатах, квартетот на овој начин зазема страна и тоа страната која е одговорна за уништувањето на државниот поредок во појасот Газа, исто колку што е одговорен и Хамас.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми