1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фаучи гневен поради „сечен и лепен“ изборен спот на Трамп

ЖА / агенции
12 октомври 2020

Водечкиот американски виролог Антони Фаучи е гневен поради рекламен спот на изборниот тим на Доналд Трамп, во кој е цитиран без дозвола и со изјава за борба против корона-пандемијата извадена од контекст.

Dr. Anthony Fauci und Donald Trump bei einer Rede zur Corona-Pandemie
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Brandon)

Во својата речиси петдецениска служба, никогаш не сум поддржал јавно некој политички кандидат, изјави 79-годишниот експерт.

Спотот од 30 секунди содржи снимка од Фаучи во која тој вели дека не може да си претстави дека „некој би можел да направи нешто повеќе". Во контекст на спотот се создава впечаток дека изјавата на вирологот се однесува на заслугите на Трамп во пандемијата.

Но, од целосниот цитат произлегува недвосмилено дека тоа не е така, дека се однесува на работата на целата работна корона-група во Белата куќа, тој гласи: „Јас практично секој ден сум во штабот за борба против коронавирус во Белата куќа, секој ден. Значи, не можам да си претставам дека под овие околности некој би можел да направи нешто повеќе."

Повеќе:

Откажан ТВ-дуелот на Трамп и Бајден

Тактиката на Трамп функционира

„Скандалите на Трамп станаа нешто сосем вообичаено“

Корона-вакцина: Трамп контра својот експерт за заразни болести

Фаучи е револтиран од искривувањето на својата повеќе месеци стара изјава која, како што додава, е искористена без негово одобрение и надвор од контекст. Во суштина таа фактички се однесувала на напорите на соработниците на јавното здравство, Фаучи е директор на Националниот институт за инфективни болести и како советник е член на работата група.

Трамп ја отфрли критиката на својот советник за изборниот спот. Станува збор за „сопствени зборови на д-р Фаучи", напиша американскиот претседател на Твитер, дополнувајќи: Мојата влада заврши феноменална работа во борбата против пандемијата, како што потврдија и гувернери од повеќе сојузни држави.

Фаучи и претседателот Трамп постојано влегуваат во конфронтации во изминатите месеци. Имунологот не пропушташе ниедна прилика да ги коригира неточните и искривувачки изјави на Трамп за пандемијата, со што го навлече неговото незадоволство, зашто Трамп постојано се обидува да ја минимизира опасноста од коронавирусот.

Сегашниот спорен спот се однесува и на личното искуство на Трамп со коронавирусот, во него се вели: „Претседателот Трамп се опорави од коронавирусот, а тоа го прави и Америка".

По принудната пауза поради неговото заболување од Ковид-19, Трамп ја продолжува од денеска својата изборна кампања во најважните сојузни држави. Во анкетите пред изборите на 3 ноември, актуелниот претседател заостанува зад својот предизвикувач Џо Бајден од Демократската партија.

Во САД во меѓувреме има околу 7,7 милиони потврдени инфекции со Сарс-КоВ-2, а досега починаа преку 214.000 луѓе од последици од вирусот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми