1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

ЕУ не ги отвора границите за државјани од САД?

ЖА / агенции
24 јуни 2020

Скок на бројот на заразени од Ковид-19 во Флорида, Аризона и Тексас. Од таа причина ЕУ размислува дали да им дозволи влез на државјаните од САД, иако од следниот месец најави целосно отворање на надворешните граници.

USA | Coronavirus: Krankenhaus in New York
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/M. J. Lugo

САД се наоѓаат пред решавачка фаза во справувањето со коронавирусот, додека ЕУ се заканува, со оглед на растечкиот број на случаи на зараза во САД, и натаму да им забрани влез на американските државјани.

Главниот американски епидемиолог д-р Антони Фаучи призна дека САД се „тешко погодени", затоа што во Флорида, Аризона и Тексас не запира растот на нови случаи на коронавирус. Фаучи рече дека е вистински прилично загрижен од растечкото ширење на инфекцијата, додавајќи: „идните недели ќе бидат решавачки во поглед на нашата способност да ги совладаме ваквите осцилации."

Епидемиологот Фаучи апелира да се носат заштитни маски и да се избегнуваат масовни собириФотографија: picture-alliance/AP Photo/K. Dietsch

Фаучи и останати високи по ранг здравствени функционери истакнаа дека од нив не било побарано да ги поедностават или намалат тестирањата за Ковид-19, откако претходно претседателот Доналд Трамп на изборен собир изјави дека со оглед на големиот број позитивни резултати, побарал да се намали бројот на тестирања.

„И натаму ќе вршиме тестирања", изјави главниот инфектолог на американската влада пред членовите на една комисија во Претставничкиот дом.

САД досега тестираа на коронавирус преку 27 милиони луѓе, при што се откриени 2,3 милиони инфекции, а досега повеќе од 120.000 лица починаа во врска со коронавирусот.

Фаучи апелираше до граѓаните да избегнуваат масовни манифестации и да носат заштитни маски кога се во близина на други луѓе за да може да се запре најновиот бран на нови случаи. Трамп пак и натаму одбива носење маска.

Повеќе:

Како светот се справува со кластерите на коронавирусот

САД и Кина во трескавична трка по вакцина за коронавирусот

Патување во ЕУ од 1 јули

Во меѓувреме, одделни земји од ЕУ искажаа задршки да ги отворат своите граници за американските граѓани, зашто се сомневаат во успехот на кризниот менаџмент на претседателот Трамп . ЕУ планира да ги отвори надворешните граници за трети држави, но тоа нема да ги вклучи и САД, поради односот на државата кон пандемијата, објави вчера „Њујорк тајмс", повикувајќи се на предлог-листи во Брисел. САД, кои се водечка земја во светот според бројот на случаи, деновиве бележи нов скок на заразени од коронавирус. Според предлог-листите на ЕУ, патниците од САД ќе бидат во иста група со оние од Бразил и Русија, земји кои се наоѓаат на второ и трето место во светот според бројот на инфицирани со коронавирус.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми