1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"ФАЦ": како ќе се одрази врз Босна и Херцеговина решението за статусот на Косово?

26 февруари 2007

Еве што пишува спроти денешната седница на Советот за имплементација на мирот во БиХ, денешен "Франкфуртер Алгемајне Цајтунг":

Милорад Додик, премиер на Република Српска
Милорад Додик, премиер на Република СрпскаФотографија: AP

“Со оглед на одвојувањето на Косово од Србија, што е планирано за оваа година, ќе биде одложено повлекувањето на меѓународната заедница од дневно-политичкиот живот на муслиманско-хрвтскато- српската држава Босна и Херцеговина. При тоа се нагласува можното влијание на одлуката за Косово врз стабилноста на целиот регион, како и на будењето на настојувањата за отцепување на Република Српска.

Водачите на босанските Срби со месеци веќе укажуваат на недоследноста на меѓународната заедница, која им дава предност на настојувањата на косовските Албанци за самоопределување, а на босанските Срби не им дозволува да се отцепат од Босна и Херцеговина. Меѓународната заедница при тоа укажува на тоа дека територијалниот интегритет на БиХ не може да се стави под знак прашање, иако на референдум за одвојување позитивно би се изјасниле повеќе од 90% на сите граѓани во Република Српска, тврди нејзиниот премиер Додик...

Во српската интерпретација на настаните не се спомнува фактот дека во делот што сега се нарекува Република Српска никогаш не би имало мнозинство за отцепување, доколку во 90-тите години не се случеа стратешки организираните масовни прогони на Бошњаци и Хрвати од тие територии. Сегашната доминација на Србите на тие простори е резултат на етничко чистење.

Покрај овој факт во западните метрополи сепак владее одредена доза на нервоза во врска со ова прашање, која Додик, умешно ја користи. Премиерот на Република Српска во популистички манир постојано ја спомнуваше можноста за одвојување на овој ентитет од БиХ доколку дојде до отцепување на Косово од Србија. Тој неодамна дури го предупреди високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ Кристијан Шварц Шилинг да не се обидува да му застане на пат во тој смисол. Ако се осмели да го забрани евентуалното референдумско изјаснување, Србите сепак ќе го одржат, нагласи Додик.

Кај овој популист додуша се забележува дисхармонија меѓу зборовите и делата. Но, неговите закани сепак ја оживеаа дискусијата околу продолжувањето на работата на Бирото на високиот претставник на ОХР во Сараево, а со тоа и на т.н. Бонски овластувања, кои отвораат можност за интервенирање и сменување на непослушни локални политичари“ - потсетува “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми