1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФАЦ: Унтер ден (И)линден

БГ
24 мај 2018

Дали на Германците Илинден ќе им звучи како Линден (липи) и зошто квалитетот на грчките аргументи во спорот за името се коментираат со многу иронија? Еве што има Франкфуртер алгемајне цајтунг да каже на таа тема:

Ratzeburg 019
Фотографија: DW/Maksim Nelioubin

Дописникот на Франкфуртер алгемајне цајтунг од Атина, Михаел Мартенс во денешното издание се занимава со спорот за името меѓу Македонија и Грција. Насловот на анализата на Мартенс „Унтер ден Илинден“ е алузија на познатиот берлински булевар „Унтер ден Линден“ (Под липите) и на македонски би можел да се преведе „Под Илинден“. .

„Со оглед на надежта за стабилизирање на Балканот амбициите на Македонија за влез во НАТО се поддржани од САД и од сите останати НАТО членки- само од Грција не. Атина го спречува членството со објаснување дека Македонија мора најпрво да го смени своето име, затоа што актуелното носи иредентистички аспирации. (...) Притоа, во северна Грција постои провинција која се вика Македонија, па затоа не може некоја друга држава да го узурпира ова име за себе“, пишува ФАЦ и со иронија заклучува: „И останатите грчки аргументи се со сличен интелектуален квалитет“.

По повеќегодишен застој во преговорите, пишува ФАЦ, сега состојбата е промената. „Личните констелации во Атина и Скопје се поволни. Во Скопје националистот Никола Груевски е заменет од влада која е подготвена на компромис. Премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров сакаат да ја одведат нивната земја во ЕУ и НАТО. Знаат дека за тоа е неопходен компромис, и имаат среќа, што во Атина имаат партнер за разговор кој, во најмала рака е подготвен за преговори“. 

повеќе на темата: Меркел повторно разговарала со Заев и со Ципрас


„(...) За разлика од неговиот претходник Самарас, Ципрас никогаш не припаѓал на кругот на агитаторите во однос на прашањето за Македонија. Негови непријатели беа финансиските пазари, Волфганг Шојбле, Ангела Меркел и капитализмот сам по себе, но не и малите балкански народи, кои ја имаат несреќата да носат име, кое не им се допаѓа на грчките националисти“.

Само Трамп да не се вмешува!
ФАЦ наведува дека Ципрас води умерен курс и потсетува дека веќе двапати се сретнал со македонскиот премиер Заев. Според весникот, за преговорите се заинтересирале и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш како и шефот на Стејт департментот Мајк Помпео.
„Американскиот потпретседател Мајк Пенс во телефонски разговор со Ципрас зборувал за историска шанса, која не смее да се пропушти. Доколку продолжи добро, Доналд Трамп нема да се вмешува.
Но преговорите би можеле да пропаднат и без него- затоа што учесниците во нив се согласни дека Македонија во иднина треба да се вика поинаку, но не и како да се вика“.

„(...) Но преговорите не се состојат само од тоа едната страна да диктира предлози, а другата да избира од нив, па оттука Скопје пред неколку дена предложи своја идеја: Илинденска Македонија“.

„(...) Но, грчките партии не сакаат да слушнат за Илинденска Македонија, затоа што и во тоа име препознаваат иредентистичка опасност“. 

Заев верува во „Илинденска Македонија“

05:48

This browser does not support the video element.

ФАЦ натаму наведува дека грчката опозиција веќе го отфрлила предлогот и потсетува дека и коалицискиот партнер на Ципрас, партијата Независни Грци, одбива воопшто да се споменува „зборот на М“ во името на соседот.

„Тоа повторно драстично ги стеснува можностите за решение. Доколку се остане на предлозите на Коѕијас, Македонија во иднина смее да се вика единствено Нова, Горна или Северна. Во исто време, Скопје останува на ставот за Илинденска Македонија. Жителите на таа држава би требало да се нарекуваат Илинденци. Бидејќи тие тоа не го сакаат, обидот Македонија безбедносно-политички да се закотви на Западот преку членство во НАТО, би можел повторно да пропадне. И тоа, да споменеме, поради името“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми