1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФБИ уапси хакери

20 јули 2011

Американската полиција ЕфБиАј (ФБИ) уапси 14 лица осомничени дека се членови на хакерската група „Анонимни“ и дека учествувале во блокирањето на фирмата за плаќање преку интернет „Пејпал“.

Хакерскиот напад беше одмаздничка акција за откажувањето на соработката на „Пејпал“ со интернет платформата Викиликс, која објавуваше тајни документи на американската влада и армија минатиот ноември. ФБИ во врска со сајбер нападите, чии жртви покрај „Пејпал“ станаа и фирмите за кредитни карти Виза и Мастеркард, издаде 35 потерници. Вчера беа уапсени натамошни пет лица од Велика Британија и Холандија, кои се осомничени дека биле вклучени во хакерските напади.

Автор: ГЧ/ЖА/дв

Редактор:Трајче Тосев

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми