1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фестивали по мерак на публиката

27 септември 2010

Септември во Германија може да се нарече месец на литературните фестивали. Во Хамбург, во Берлин во Рур деновиве илјадници луѓе присуствуваат на литературните читања, на кои писатели ги претставуваат своите нови дела.

Харбор фронт е литературен фестивал во ХамбургФотографија: Thomas Hampel

Колку точно книжевни фестивали има во Германија, не знае никој, но се претпоставува дека се најмалку 200. А секоја година се основа и некој нов. „Харбор фронт фестивалот“ во Хамбург на пример оваа година е домаќин на големи имиња на литературата. Меѓу нив се и двајца Американци, Џон Ирвинг и Џон Гришам, нобеловецот Гинтер Грас и германската авторка Илдуко фон Кирти, која со своите вицкасти женски романи привлече милиони читатели.

Американскиот писател Џон Ирвинг чита извадоци од својот нов роман во ХамбургФотографија: Thomas Hampel

Еден од директорите на фестивалот Николас Хансен, објаснува дека за успешност на фестивалот мора да се донесат големи имиња:

„За да му биде посветено внимание на фестивалот и луѓето воопшто да обратат внимание на вас мора да имате парадни коњи“

Се’ повеќе посетители се позвучни гости

Во културата одамна се случува истата работа како и во спортот. Димензиите и овде играат важна улога. Тоа го олеснува финансирањето. Без приватни спонзори ваквите фестивали веројатно не би ни постоеле. Но со помош на приватните донации тие стануваат се’ побројни, се’ поголеми а имињата на писателите гости се’ позвучни.

Оваа година во Хамбург се очекува рекордна посета. Минатата година Харбор Фронт Фестивалот имаше 16 илјади посетители. Годинава организаторите сметаат на 25 насто повеќе гости, бидејќи луѓето со тек на времето развиваат доверба кон определен фестивал.

Публиката е се’ побројна на фестивалот во ХамбургФотографија: Thomas Hampel

„ Зошто би ни верувале дека ќе организираме нешто занимливо: Тие мораат најнапред да го искусат тоа и секоја година да да вкусоуваат нешто ново. Уверен сум дека наредната година ќе имаме уште повеќе посетители“, уверен е Николас Хансен.

Фестивалите стануваат брендови

Секој фестивал мора да се втемели како бренд. Колку брендот е попознат, толку побргу ќе дојде некој познат автор, а со него и останатите кои сакаат да профитираат од неговата слава. Книжевните фестивали имено ги задоволуваат интересите на многумина. Тие не само што служат за промоција на аворите, туку и за маркетинг на издавачите, имиџот на спонзорите, угледот на заедницата која го организира фестивалото како и за ориентација на публиката.

Кинескиот писател Лиао Јиву чита извадоци од неговите дела на Литературниот фестивал во БерлинФотографија: DW/N. Wojcik

Така и старомодните поетски средби можат да се прикажат во поинакво светло. На пошироката публика и‘ звучи далеку позанимливо да отиде на некој фестивал отколку на поетска средба. А кога тие уште и се одржуваат на некое атрактивно место како на пример хамбуршкото пристаниште во случајот со „Харбор фронт фестивал“, тогаш сите се задоволни.

Честопати тоа нема многу заедничко со високата култура и книжевност, но и‘ се допаѓа на публиката. Колку поголем е фестивалот, толку подобра е понудата. А кога ја прелистувата програмата на некој фестивал, секогаш можете меѓу гостите да најдете и некое убаво изненадување.

Автор: Хајде Золтау/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми