Фетел победи на Нирбургринг
7 јули 2013Со својата 30-та победа во кариерата Себастијан Фетел со 153 бодови го зголемува водството на светската ранг листа. Втор на светската листа е Фернандо Алонсо од тимот на Ферари кој има 123 бодови, а трет е Кими Раиконен од Лотус со 116 бодови.
Трката за Големата награда на Германија што се возеше на патеката Нирбургринг беше засенета од несреќа што се случи пред еден од боксовите. Имено, тркало погоди еден камерман, кој потоа падна на земја. Тимскиот колега на Фетел, Марк Вебер, на почетокот на трката влезе во боксот, но притоа десното задно тркало на неговиот болид не беше зацврстено како што треба. Досега нема официјални информации за здравствената состојба на камерманот. Инцидентот ќе биде предмет на истрага од страна на Севтскиот автомобилски сојуз ФИА.