1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук брише лажни профили

ЕМФ / дв
1 август 2018

Социјалната мрежа тврди дека открила кампања за вршење влијание врз избори и реагирала со бришење профили. Пикантното притоа е: за три месеци во САД се одржуваат т.н. меѓуизбори.

Symbolbild Facebook Zensur Sperre (Getty Images/AFP/I. Kodikara)
Фотографија: AFP/Getty Images

Фејсбук во неколку блогови соопшти дека затворил 32 профили, вклучително и на Инстаграм. „Имаме работа со решителни, финансиски добростоечки противници“, пишува Фејсбук. Според социјалната мрежа, тие противници „никогаш не се предаваат и постојано ја менуваат својата тактика“.

Најстариот затворен профил е од март 2017 година, а најмладиот од мај 2018-та. Вкупно биле продуцирани околу 10.000 вести, а затворените профили имале вкупно 290.000 следбеници. Затворените профили досега дале 11.000 долари (9.400 евра) за околу 150 реклами.

Фејсбук тврди дека истрагата е сѐ уште во многу рана фаза. На маса сѐ уште ги нема сите факти. Шефот на одделот на безбедност на Фејсбук, Алекс Стамос, на прес-конференција укажа дека има знаци за поврзаност со профилите на Internet Research Agency (ИРА) затворени минатата година. ИРА важи за трол-фабрика на владата во Москва, односно база за руските кампањи на социјалните медиуми. Тролови се нарекуваат интернет корисници кои свесно попречуваат онлајн-дискусии, односно ја трујат чет-атмосферата.

Експертот на Фејсбук за безбедност, Алекс Стамос, претпоставува дека затворените лажни профили се поврзани со Русија, но засега нема доказиФотографија: Getty Images/W. McNamee

„Меѓутоа, не веруваме дека има доволно докази за ИРА јавно да биде обвинета“, нагласи Стамос. ИРА пред претседателските избори во САД во 2016 година контролираше голем број Фејсбук-профили кои беа користени за да се врши влијание врз изборите. Американските тајни служби го обвинуваат Кремљ дека целно ја манипулирал кампањата во САД. Москва ги отфрла обвинувањата.

Повеќе: Огромна руска пропаганда во американските избори

Фејсбук соработува со ФБИ

Фејсбук, според сопствени наводи, за своите сознанија веќе ги информирал американските иследни органи, Конгресот и други технолошки концерни. Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека Фејсбук соработува тесно со ФБИ.

Американската министерка за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен ги пофали постапките на социјалната мрежа. Ова покажува дека заканите сѐ уште се реални и дека Американците мора тоа да го знаат, вели министерката.

Повеќе: Фејсбук ги брише страниците на велешките спамери

Минатата есен Фејсбук соопшти дека околу 10 милиони корисници во САД виделе сомнителни рекламирани прилози, кои дошле од речиси 500 профили од Русија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми