1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук ги брише страниците на велешките спамери

БГ
26 јуни 2017

Преку 30 Фејсбук страници кои беа поврзани со интернет-страници од Македонија и Велес се блокирани и отстранети од Фејсбук во последните два месеци, пишува Базфид.

Facebook unter der Lupe
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Hase

Меѓу младите про-Трамп спамери од Велес, кои се „прославија“ за време на кампањата на американските претседателски избори, владее паника откако Фејсбук ги отстрани нивните страници од социјалната мрежа, пишува американскиот портал Базфид. Најголемиот дел од отстранетите страници биле фокусирани на американската внатрешна политика, продолжувајќи ја праксата на спамирање започната за време на претседателските избори. Но, има и такви кои објавувале вести за мотоциклизам, автомобилизам, па дури и коњи.

Четворица сопственици на интернет-страници од Велес за Базфид ја потврдиле информацијата. Дел од нив се жалат дека потрошиле огромни суми пари за рекламирање на Фејсбук, но и покрај тоа биле блокирани.
Еден сопственик тврди дека потрошил околу 100 илјади американски долари за реклама на Фејсбук, а страницата имала 1,5 милиони следбеници, но тоа не му помогнало многу откако било откриено дека користи краден материјал.
Портпарол на Фејсбук за порталот потврдува дека забраната на страниците на македонските спамери е дел од пошироката акција за спречување на ширењето на лажни вести на социјалната мрежа.

„Овие примери се дел од тековните, глобални напори за откривање и стопирање на спамерската активност на нашата платформа, и тие напори не се ограничени само на Македонија“.

Интернет-страниците од Велес беа вклучени во кампањата против Хилари Клинтон за време на претседателските избори во САДФотографија: Getty Images/J. Moore

Преку автоматска порака, Фејсбук ги информирал сопствениците на спорните страници од Македонија дека нивната „страница не е објавена поради тоа што ги наведувала луѓето да ја следат или да се вклучуваат во неа ненамерно на лажлив начин“.

Фејсбук и Гугл претходно најавија мерки за справување со проблемот на лажните вести. Гугл ги промени правилата со цел да ги спречи интернет страниците кои погрешно ја претставуваат содржината да ја користат нивната мрежа за рекламирање АдСенс.

Лажните вести кои преку интернет и Фејсбук страници ги ширеа спамерите од Велес, на младите луѓе им донесоа „светска слава“, а од неколку адреси стигнаа и обвинувања дека директно влијаеле врз резултатите од изборите во САД во корист на Доналд Трамп.

(извор:Базфид)

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми