1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук го исклучи КјуАнон

Сузане Ајкенфондер
7 октомври 2020

Американските избори и пандемијата на корона се две работи кои навистина го „воскреснаа“ движењето КјуАнон. Сега Фејсбук презема мерки против движењето.

Symbolbild QAnon
Фотографија: Ted S. Warren/AP Photo/picture-alliance

Најголемата социјална мрежа, Фејсбук, презема мерки против КјуАнон. Ова движење шири теории на заговор, па сега се бришат сите Фејсбук и Инстраграм профили кои го претставуваат КјуАнон, соопшти концернот. Така ќе биде „дури и ако нема содржини со насилство“, објави Фејсбук.

Во август Фејсбук веќе отстрани околу 800 групи, 100 страници и 1500 реклами поврзани со КјуАнон. Освен тоа, беа воведени рестрикции за повеќе од 10.000 Инстаграм-акаунти, 440 Фејсбук-страници и речиси 2000 Фејсбук-групи. Блокирани се и повеќе од 300 хаштагови поврзани со КјуАнон. Сето тоа е со цел да се ограничи достапноста на КјуАнон.

Илјадници профили поврзани со КјуАнон избриша и Твитер.

Повеќе:

Теорија на заговор: КјуАнон во подем

„Сајбер бароните“ од Фејсбук, Амазон, Епл и Гугл на сослушување

Коронавирусот и опасноста од 5Г технологијата: Тешка и опасна глупост!

Движењето КјуАнон, меѓу другото, тврди дека со САД владее криминална организација, чии членови наводно биле поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Барак Обама, милијардерот Џорџ Сорос, како и некои холувудски ѕвезди. Многу пораки на КјуАнон се со антисемитистички и деснорадикален карактер. Во последно време приврзаниците на ова движење учествуваа на протестите против мерките за сузбивање на пандемијата на корона во САД.

Светските ѕвезди ги замрзнуваат профилите на социјалните мрежи

01:29

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми