1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук, Гугл и компанија, наскоро под притисок од ЕУ?

Јерг Бринсман/сн5 октомври 2015

Европскиот суд на правдата утре (6.10.) ќе донесе одлука за тоа каде големите интернет-концерни треба да ги чуваат податоците за своите корисници. Тоа би можело да има далекусежни последици...

Фотографија: picture-alliance/chromorange

Знаете ли каде Фејсбук, Гугл и Твитер ги чуваат вашите податоци? Глупаво прашање? Да- ако ја земеме предвид само техничката страна на интернетот. Благодарејќи на глобалните технички стандарди и на брзата врска, практично е сеедно дали податоците на некој германски корисник се чуваат на северот во Германија, Шведска, Ирска или во САД.

Тоа, меѓутоа, не им е сеедно на борците за заштита на лични податоци. За нив одлучувачкото прашање гласи: каде се чуваат и обработуваат податоците? Големите фирми како што се Фејсбук или Гугл, постапуваат онака како им е најкомотно. Податоците од сите земји се чуваат во татковините на тие концерни, а тоа се САД. Тоа значи оти тие спаѓааат под американски прописи за заштита на податоци. А тие се многу поблаги од правилата во ЕУ. Освен тоа, и американските тајни служби, како НСА, така имаат полесен пристап до тие податоци.

Петнаесет години ни мачкаат очи?

До сега политичарите и властите замижуваа кога станува збор за овој проблем. Постапуваа како американските прописи и прописите во ЕУ- да се еднакви. „Безбедно пристаниште“- тоа е името за договорот направен пред 15 години, кој овозможи размената на податоци помеѓу САД и земјите во ЕУ да биде непроблематична.

Сега, меѓутоа, Судот на правдата на ЕУ може да го поништи тој договор. Генералниот адвокат на судот Ив Бот уште пред две недели објави своја експертиза за овој случај. Тој дојде до заклучок дека во САД не постои доволна заштита на податоците на граѓаните од ЕУ. Бот пред се’ го критикуваше надзорот кој го спроведуваат американските тајни служби. Неговата анализа има карактер на препорака и не е обврзувачка за судот, но судот обично ја следи таа препорака. Ако тоа би се случило и во овој случај, големите американски интернет-коцерни би се нашле пред големи проблеми.

Како би можеле да реагираат американските концерни?

Концерните би имале повеќе можности да реагираат. Една можност би била строго да се придржуваат кон новите правила и да се погрижат податоците за корисниците од ЕУ навистина да се чуваат на територија на оваа заедница. Тоа е можно: Фејсбук, на пример, својот бизнис во ЕУ и’ го довери на својата фирма со седиште во Ирска. Таа е формално надлежна за податоците на своите корисници од ЕУ. Иако, би требало на друг начин техички да се спречи податоците и понатаму да се меморираат во САД. Во тој случај ЕУ би морала да се вмеша и да издејствува заштита на податоците на своите корисници.

Фејсбук би можел од своите европски корисници да побара и согласност за складирање на нивните лични податоци во САД. Оној кој нема да се согласи, не би имал повеќе пристап до Фејсбук. Со оглед на се’ поголемиот број зависници од Фејсбук, за кои такво нешто би значело крај на светот, тоа можеби за овој коцерн би било најдобро решение. Нема повеќе Фејсбук за германските корисници? Лутината поради тоа попрво би ја погодила Европската комисија отколку американските концерни и нивната лоша заштита на податоците.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми