Фејсбук најави забрана на сите огласи насочени против вакцинирање. Но, една важна врата за митовите и теориите на заговор останува уште отворена.
Реклама
Пандемијата ја покажа важноста на превентивното однесување во заштитата на здравјето, истакна концернот, но Фејсбук и натаму ќе ги објавува огласите кои критикуваат одредени владини мерки поврзани со имунизацијата.
На челните луѓе на најголемата социјална мрежа постојано им се префрла дека овозможуваат широко распространување на пораките на антиваксерите. Фејсбук сега најави дека планира и сопствена кампања во САД, со која ќе се истакнува предностите од вакцинирање против грип.
Социјалната мрежа од неодамна презеде засилена активност против ширењето на теориите на заговор на своите страници. Денеска објавена научна студија докажува дека верувањето во вакви сосема недокажани теории значително ја намалува подготвеноста на луѓето да примат вакцина.
Истражувањата за студијата се водени во САД, Велика Британија, Ирска, Шпанија и Мексико, а според резултатите, мнозинството жители ги отфрлаат теориите на заговор за коронавирусот, но не мал дел од населението овие лажни информации ги зема „здраво за готово". Студијата е објавена во британскиот стручен магазин „Royal Society Open Science".
Најраспространета теорија на заговор во овие земји за пандемијата, заклучува студијата, е онаа според која вирусот е намерно создаден во лабораторија во кинескиот град Вухан. Во кинеската метропола првпат беше забележан случај на пренос на вирусот врз човек. Во Велика Британија и во САД, според сознанијата до кои дошле научниците, 22 до 23 проценти од анкетираните граѓани веруваат во оваа теорија на заговор.
Освен тоа, студијата констатира постоење јасна меѓузависност меѓу верувањето во теории на заговор и скепсата кон вакцините, како што истакнува коавторот на научниот труд, Сандер ван дер Линден. Кај интервјуираните луѓе, во глобала, констатирана е намалена готовност за учество во идна вакцинација против Ковид-19 паралелно со степенот на нивно верување во теории на заговор.
Какви промени носи коронавирусот во производството на храна
Рестрикциите поради Ковид-19 пореметија бројни животно важни сектори, па и земјоделството. Пандемијата може да ги промени прехранбените синџири, од индустриско одгледување животни до пораст на урбано градинарство.
Фотографија: DW/K. Makoye
Откажување од масовно одгледување животни
Иако научниците не се сигурни како настанал Ковид-19, се смета дека последните вирусни закани предизвикани од свинскиот и птичјиот грип, својот зачеток го имале во големите фарми за свињи и кокошки. Со оглед дека постои корелација меѓу индустриското одгледување животни на тесен простор и ризикот од пандемија, можеби е време да се поразмисли околу индустриското одгледување животни.
Фотографија: picture alliance/Augenklick/Kunz
Месната индустрија во фокусот
Пандемијата ги рефлектираше и лошите услови во месната преработувачка индустрија. Во Германија постојат повеќе жаришта на коронавирус меѓу работниците во индустријата за месо, па дури повторно во карантин се ставени и два окрузи, откако преку 1550 вработени во кланицата „Тенис“ се инфицираа со коронавирус. Во целата бранша расте повикот за подобра регулатива.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Thissen
Затворање фарми за диви животни
Експертите претоставуваат дека коронавирусот веројатно потекнува од диви животни продавани на рибен пазар во Вухан во Кина. По избувнувањето на пандемијата, Кина ја ограничи трговијата со диви животни и затвори речиси 20.000 фарми на кои тие се одгледуваа. Одделни кинески провинции на сопствениците им нудат државна помош во преориентација кон одгледување на растенија или свињи и кокошки.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Bernetti
Поотпорен сектор
Пандемијата предизвика индустријата, креирана за исхрана на глобалниот свет, во одделни случаи да се редуцира на локално ниво. Земјоделците мора да размислат како да се прилагодат на новата и несигурна иднина – од непречен пристап кон храна за животните до недостиг од работна сила.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Процут на урбаната агрикултура
Сѐ повеќе луѓе се принудени да поминат повеќе време дома, па се обидуваат да си произведат храна за себе. Долгорочно, тоа може да биде позитивен развој. Бидејќи до 2050 година две третини од светското население ќе живее во градовите, градското земјоделство е сѐ поважно, тоа штеди фосилна енергија за транспорт и нема толкава потреба од површини како конвенционалното земјоделство.
Фотографија: Imago/UIG
Да ѝ се врати земјата на природата
Светското население на планетава веројатно до 2050 година ќе достигне 10 милијарди луѓе, што го прави неизбежен фактот дека производството на храна мора да се зголеми. Додека некогаш излез се гледаше во освојување нови земјоделски површини, сега решение се бара во посилна концентрација врз урбаното земјоделство и свест за последиците од интервенцијата во природата.
Фотографија: Kate Evans / Center for International Forestry Research (CIFOR)
Преориентација кон растителна исхрана
Со развојот на свеста за потенцијалната здравствена цена на пазарот на месо, Кина бележи зголемен интерес за производство на растителни продукти. Западот во последните години веќе доживеа тренд на вртење на луѓето кон растителна исхрана, кој веројатно ќе продолжи, зашто потрошувачите водат сѐ повеќе сметка за потеклото на месните продукти.
Зголемена сигурност за обезбедување храна во земјите во развој
Пандемијата на Ковид-19 силно ќе ги погоди земјите во развој, посебно во областа на обезбедување храна. ОН веќе предупредија од „глад од библиски размери“, поради намалување на ресурсите. Покрај итната помош, за сузбивање на гладот долгорочно е потребна подобра заштита во земјоделството, одгледување поразновидни наместо монокултури и посилна поддршка за загрозените ситни земјоделци.