1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук не ги цензурира информациите за Фергусон?

Чипонда Чимбелу / Јулија Бајер / А. Методијев21 август 2014

Луѓето се жалат дека настаните околу Фергусон не се појавуваат на нивната почетна Фејсбук-страница. Тие чувствуваат дека можеби вестите на најголемата социјална мрежа можеби се извртуваат. Дали е Фејсбук виновен за тоа?

Фотографија: Reuters

Има огромна разлика во однос на тоа што луѓето гледаат на Твитер и на Фејсбук во однос на настаните во Фергусон.

За некои, разликата ја покажува растечката моќ на социјалните мрежи да ги контролираат вестите што ги гледаме, а на тој начин и потенцијално да влијаат на тоа како го гледаме светот. Сепак, разликата меѓу Твитер и Фејсбук се сведува на тоа како овие социјални мрежи работат.

Корисниците на Твитер можат да ги следат информациите објавени под хештаг #Ferguson, поради начинот на кој функционира алгоритмот за трендовите, објаснува Торстен Милер, коосновач на „Тејм“, алатка за анализа на Твитер. Тој се сомнева дека алгоритамот за тренд-темите „веројатно е мешавина од брзината и квантитетот на луѓето кои разговараат за нешто“, па ако некој хештаг го немало претходно и одеднаш се појави и го користат многу луѓе, тогаш веројатно е дека тој ќе се појави како тренд.

Фејсбук контра Твитер

Кога луѓето ќе забележат тренд, тогаш луѓето можат да изберат со кого ќе испраќаат твитови, што значи дека на платформата Твитер луѓето можат да следат кого сакаат. Работите се поинакви на Фејсбук, каде „пријателството“ мора да биде обострано за „пријателите“ да имаат пристап до работите што ги објавуваат. Таму може и да се направи ограничување на постовите од пријателите кои се појавуваат.

Твитер, пак, им овозможува на корисниците да ги следат објавите во реално време. Фејсбук за тие постови користи алгоритам во кој има повеќе фактори, вклучувајќи ја и претходната меѓусебна активност на Фејсбук. Поради него корисниците понекогаш можат да пропуштат објавени работи, кои ним може да им бидат интересни.

„Доколку не следите многу новински агенции на Фејсбук, или не сте ги лајкнале нивните страници, тогаш настан како оној во Фергусон не мора да стигне до вашиот профил“, објаснува Милер.

Еден од тројца корисници на Фејсбук во САД имаат кликнато дека им се допаѓа некоја новинска агенција. Тога го покажува истражувањето на Истражувачкиот центар „Пју“. Тоа значи дека „вестите што тие ги гледаат доаѓаат од пријатели - истите пријатели кои веројатно им испраќаат постови за се’ останато“.

Дали може да се пробие филтерот?

Без оглед дали на Фејсбук, Твитер или на Гугл Плус, корисниците во голема мера се потпираат на луѓето и групите што ги следат. Ако некој лајк привлече друг лајк, тогаш многу можеби се наоѓаат во „меур на социјалнио медиум“.

„Мислам дека Твитер ви дозволува да го пробиете овој ’меур’, бидејќи има асинхрон принцип на следење на оваа платформа“, објаснува Милер и додава: „Ако добро се грижите за вашата социјална мрежа, тогаш дефинитивно осигурувате настани како Фергусон некако да се појават на вашиот тајмлајн“.

Иако Фејсбук нуди функции кои овозможуваат корисниците да следат јавни објави од некое лице, сепак информациите остануваат во кругови или групи на пријатели. На Фејсбук луѓето помалку коментираат, лајкуваат или шеруваат текстови или коментари на конвенционални теми, бидејќи стравуваат дека би можеле да ги навредат своите пријатели. Кога Фејсбук ќе забележи мала интеракција со вести или контроверзни теми, тогаш неговиот алгоритам ја спушта или гаси таа тема, како да нема интерес за неа и само ја појавува кај неколку корисници.

Ние сме одговорни за вестите што ги добиваме

Но, и покрај тоа што алгоритмот на Фејсбук се наоѓа под критика поради недостигот на вести поврзани со протестите во Фергусон, социјалната мрежа веројатно и не е најодговорна за начинот на кој ги добиваме и користиме вестите. Тоа е дел од „едукацијата за медиумите“, смета Милер. Тој додава дека „Фејсбук има бизнис интереси“. Ако тие интереси го одразуваат начинот на кој корисниците ги следат работите, „а тие не следат премногу платформи за вести“, тогаш вестите и нема да се појавуваат толку често.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми