1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук тврди дека тужбите се неосновани

ЕМФ/афп/бета24 мај 2012

Американската интернет компанија Фејсбук соопшти дека тужбите против неа и нејзините директори врзани за излегувањето на фирмата на берзата се неосновани и дека жестоко ќе се бори против нив.

Фотографија: picture-alliance/ZB

Компанијата го прекина молкот пет дена по излегувањето на берзата. Во меѓувреме, се зголемува бројот на колективни тужби во кои Фејсбук и неговите банки се обвинуваат дека не ги предупредиле подеднакво сите инвеститори за полошите прогнози за постигнувањата на фирмата, дадени неколку дена пред излегување на берзата. Во тужбите се наведува дека во документот во кој е претставена компанијата при излегувањето на берзата имало неточни податоци и не биле променети важни факти, како што е „значително намалување на растот на приходи“ кое Фејсбук го бележел за време на излегувањето на берзата. Се наведува дека поради тоа тужителите биле оштетени.

Покрај Фејсбук, тужбите се насочени и против големите банки Морган Стенли, ЏП Морган Чејс и Голдманс Сакс кои го организираа излегувањето на Фејсбук на берзата. И берзата Насдак мора да се подготви за судска епизода во приказната Фејсбук. Инвеститор од американската сојузна држава Мериленд бара обесштетување поради тоа што берзата во петокот (18.05) со часови не можела да ги прикаже точно продажбата и купувањето на акции на Фејсбук. Според последните информации од САД, Фејсбук размислува за промена на берзата.

За проблемот интерес покажа и американскиот Сенат. Телевизијата Си-Ен-Би-Си јави дека комисија на Сенатот има намера да ги преиспита проблемите со излегувањето на Фејсбук на берзата. За оваа информација се‘ уште нема официјална потврда.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми