1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук ќе прави пари

2 февруари 2012

Фејсбук сака да собере пет милијарди долари од берзата. Но, ова е само појдовна точка, бидејќи аналитичарите очекуваат приход од десет милијарди долари. Точниот датум за флотација на акциите не е познат.

Не се знае колку пари ќе собере Фејсбук на берзатаФотографија: Reuters

Но, вообичаено минуваат три месеци од регистрацијата до првото наддавање за акциите. Нејасно е и колку акции ќе донесе Фејсбук на берзата. Според извори од берзата, успехот од влезот на берзата може да вреди 100 милијарди долари, сметаат експерти од таа област. Тоа може да го направи основачот на Фејсбук Марк Закерберг четврт најбогат Американец. Закерберг има 28 проценти од акциите на Фејсбук, кои според овие проценки би вределе 28 милијарди долари.

Од поднесените документи се гледа дека Закерберг и по излезот на берзата ќе има апсолутна контрола во компанијата, бидејќи има право на 57 проценти од гласовите.

Милиони од работата во Фејсбук

Основачот на Фејсбук Марк Закерберк има основна плата од само еден долар, но лани заработил 1,5 милиони долариФотографија: Reuters

Како извршен директор на Фејсбук, 27 годишниот Закерберг лани заработил 1,5 милион долари, а и следната година треба неговата основна плата да биде само еден долар. Најдобро платен работник во Фејсбук е Шерил Сандберг, која е одговорна за оперативата и претходно има работено и за Гугл. Таа од плата минатата година заработила 30,5 милиони долари, а Марк Шрепфер, главен инженер, добил околу 25 милиони долари.

„Фејсбук не беше основан за да стане бизнис“, објасни Закерберг во писмо, кое е дел од апликацијата поднесена во Комисијата за хартии од вредност. „Тој е создаден за да ја исполни социјалната мисија – да го направи светот поотворен и поповрзан“.

Фејсбук мора сега да ги убеди потенцијалните инвеститори дека со таа мисија можат да се направат доволно пари. Според проценките, Фејсбук сега има 845 милиони корисници месечно. Минатата година компанијата направи промет од 3,7 милијарди долари, од кои нето добивката е милијарда долари.

Приходите главно дојдоа преку рекламирање и игри, како што е Фармвил. Играта е бесплатна за корисниците, но од компанијата Зинга се надеваат дека многу играчи ќе сакаат да потрошат пари за дополнителни функции.

Поголем од Гугл

Фејсбук ќе има поголем приход од берзата во однос на ГуглФотографија: picture alliance/dpa

Дури и ако излегувањето на берзата му донесе на Фејсбук само пет милијарди долари, тој ќе биде најголемата интернет компанија. На Гугл, провајдерот кој обезбедува пребарување на интернет и други сервиси, при излегувањето на берзата во 2004-та му беа откупени акции во вредност од 1,7 милијарди долари.

Со приходи од десет милијарди долари Фејсбук би бил компанијата што го има четвртиот најголем излез на берза во историјата на САД, по компанијата за кредитни картички Виза, производителот на автомобили Џенерал Моторс и компанијата за мобилни телекомуникациски системи АТиТ Вајрлес.

Инвеститорите во Фејсбук сега за секој вложен долар во компанијата ќе добијат по 6.000 долари. Но, и многумина од вработените би можеле да добијат милиони преку ноќ.

Автор: Андреас Бекер / Александар Методијев

Редактор: Ж. Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми