Феј нов претседател на ВАДА
18 ноември 2007Реклама
Поранешниот австралиски министер за финансии Џон Феј е избран за нов претседател на Светската анти-допинг агенција - ВАДА, и покрај отпорот од европските земји. На Антидопинг конференцијата во Мадрид е усвоен нов кодекс против допингот во спортот. Тој предвидува повисоки казни за тешките случаи на допинг, како и олеснителни услови за допингуваните спортисти кои ќе им помогнат на властите во истрагата.