1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе: Меѓу Србија и преговорите за ЕУ стои Косово

14 октомври 2011

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска (14.10) во Белград изјави дека клучен приоритет што стои меѓу Србија и отворањето преговори со ЕУ е решение на прашањето на Косово.

Филе денеска во БелградФотографија: dapd

„По прашањето на Србија нема ни пет, ниту седум клучни приоритети, туку само еден кој стои меѓу Србија и отворањето преговори, а тоа е решение на прашањето на Косово. Дијалогот мора да продолжи“, изјави еврокомесарот Штефан Филе по разговор со српскиот претседател Борис Тадиќ во Белград.

Филе оцени дека 2011. е добра година за реформските процеси во земјата. По седницата на Советот за европска интеграција на Владата на Србија на која присуствуваше, еврокомесарот ги пофали реформските напори на српските власти, истакнувајќи ја целосната соработка со Трибуналот во Хаг и важните чекори направени во насока на помирување и јакнење на соработката во регионот. „Ова беше добра година за реформските процеси во Србија и мојата порака кон соговорниците во Белград беше јасна - искористете го досегашниот напредок и продолжете со примената на мерките“, рече Филе.

Европскиот комесар не одговори конкретно на прашањето дали Европската комисија има механизам со кој би обезбедила и Приштина да биде конструктивна во дијалогот со Белград. Тој нагласи дека се потребни две страни за нешто да се направи и дека ЕК се обидува да изнајде начин да се направат услови за позитивна атмосфера меѓу Белград и Приштина, со што би се елиминирале едностраните акти и би се продолжило движењето во правец на напредокот.

Автор: ЕМФ/бета/миа

Редактор: Б. Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми