Филе: Ситуацијата во Украина не се одразува негативно врз проширувањето на ЕУ
3 мај 2014![](https://static.dw.com/image/17562844_800.webp)
Реклама
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека не гледа никакви негативни последици од моменталната ситуација во Украина, во однос на балканските земји, кога станува збор за проширувањето на ЕУ.
Филе истакна дека од земјите кандидати за членство во ЕУ се очекува да се однесуваат во согласност со правилата на ЕУ од првиот ден на нивното членство.
„ Во однос на проширувањето на ЕУ, не гледам никакви негативни последици“ , истакна Филе за Радио Слободна Европа. Еврокомесарот нагласи дека политиката на Источнот партнерство не ги принудува европските партнери да бираат меѓу Москва и Брисел.