1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Филипче: Инсталацијата во модуларните болници е исправна

ДТЗ
17 септември 2021

Тој информираше дека директорите на модуларните болници добиле задолженија да ги проверат сите инсталации во модуларните болници. Проверките покажале дека се е во ред,

Nord-Mazedonien Gesundheitsminister Venko Filipce
Фотографија: DW/P. Stojanovski

„Не бегам од одговорност. Секогаш сум достапен за кое било прашање и обид за дефокус нема, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, на прва прес-конференција за медиумите по оставката којашто ја поднесе по трагедијата во Тетово, кога во пожар во ковид-центарот загинаа 14, а повредени беа 12 пациенти. 

Тој информираше дека директорите на модуларните болници добиле задолженија да ги проверат сите инсталации во модуларните болници. Проверките покажале дека се е во ред. Според Филипче, била извршена и проверка дали персоналот се однесува според упатството за работа на ковид-центрите.  

„Сите потврдија дека се е во најдобар ред“, вели министерот. Тој информираше дека дел од пациентите се уште се лекуваат во модуларните ковид-центри во земјата. 

„Имаше денови кога беа забележани и по 1700 - 1800 пациенти и половина од нив беа сместени во модуларните болници. Нема модел со којшто можат да се обезбедат 700 болнички кревети за помалку од 2 месеци, во спротивно ќе го имавме италијанското сценарио, да немавме каде да ги сместиме и да им пружиме грижа на заболените. Во време на пандемија само тоа е решение“, вели Филипче, запрашан за оправданоста за изградба на  монтажни објекти за згрижување на пациентите. 

Во однос на запирањето на градежните работи околу модуларните амбуланти, Филипче вели дека малку е успорено со работата со цел да се види што ќе покаже истрагата, па да видат дали може тој проект да се подобри. 

Вирусот се шири меѓу невакцинираните

Министерот најави дека од наредниот месец најверојатно ќе биде потребна потврда за целосно вакцинирани граѓани за влез во угостителски објекти и во други институции. Според него, има намалување на интересот за вакцинација во изминатиот период. 

„Коронавирусот се шири помеѓу невакцинираните. Над 90 отсто од сите починати се невакцинирани“, истакна Филипче. Проценките се дека 46 проценти над 18 години се вакцинирани, како и 37 проценти од целокупниот број на населението.Најмногу вакцинирани има во Охрид, Ресен, Кавадарци, а најмалку во Тетово и Гостивар.

Според министерот, во тек е подготовка на анализа за да се види дали не очекува нов бран или ќе продолжи трендот на намалување на новозаболени. Од тоа ќе зависат и новите мерки за граѓаните и за учениците, коишто од 1 септември започнаа со настава во училиштата. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми