1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Филипче: Совеста на граѓаните никој не може да ја контролира

БГ
1 јуни 2020

Министерот за здравство Венко Филипче уверува дека здравствениот систем добро се справува со епидемијата на коронавирусот и дека состојбата е под контрола. Рано е за отворање на границите, вели Филипче.

Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Повеќето новозаразени со коронавирусот се со лесна форма на болеста или се асимптоматски и нема неконтролирано ширење на вирусот, тврди министерот Филипче. Тој објаснува дека, за разлика од почетокот на епидемијата кога здравствениот систем се соочуваше со многу непознаници во врска со вирусот, сега точно се знае капацитетот на здравствениот систем да одговори на предизвикот. 

„За да се каже дека работата е излезена од контрола значи да има нови заразени за кои не се знаат контактите, и не се знае од каде се заразиле. Ние имаме податоци за сите заразени. Епидемиолошките анкети не упатуваат на семејни собири на кои не се почитувале препораките и мерките за заштита“, изјави Филипче.

Деновиве беше забележан засилен раст на бројот на заразени од коронавирусот во Северна Македонија. Во последните 24 часа се евидентирани 89 нови случаи на зараза. 

„Точно се знаат контактите и кластерите. Над 70 отсто од контактите се познати“, вели Филипче. 
„Во Сарај веќе почна да се намалува бројката на заболени. Останува Чаир и таму работат тимовите за јавно здравје. Понатаму е Студеничани, каде денес се анкетираат лица. Во Штип новодијагностицираните се од неколку конфекции. Донесена е одлука да се затворат пет конфекции до наредниот понеделник, а 600 луѓе ќе бидат истестирани во тој период“, објаснува Филипче.

Засега властите не размислуваат за враќање на полицискиот час на територијата на целата држава, но тоа е можно да се случи во општините кои ги спомена Филипче. За два-три дена, во зависност од развојот на ситуацијата, ќе се одлучува дали некои општини ќе одат во карантин.

Проблем за здравствените власти и натаму е тоа што дел од заразените одбиваат да се тестираат и не ги откриваат контактите.
„Има граѓани кои одбиваат да се тестираат, да дојдат во болница и кои не веруваат дека вирусот постои. Апелирам - вирусот постои и мерките мора да се почитуваат“, рече Филипче.
Министерот смета дека засега е рано да се размислува за отворање на границите кон соседните земји, иако тие ги отворија границите кон Северна Македонија.

Како изгледа карантинска свадба

01:04

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми