1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Пет нови случаи на Делта сојот во С. Македонија

ДТЗ
20 јули 2021

„Не може да страдаме зашто некој не сака да се вакцинира. Светот треба да се отвори, не можеме дома да седиме“, вели Филипче.

Северна Македонија Министер за здравство Венко Филипче Коронавирус
Министерот за здравство Венко ФилипчеФотографија: DW/P. Stojanovski

Пет нови случаи на заразени со делта сој се детектирани последнава недела во три града во Северна Македонија - три во Скопје и по еден во Куманово и во Тетово. Висок процент од новозаразените се невакцинирани, но има и вакцинирани, но со многу слаби симптоми.

„За сите соеви и мутации на вирусот вакцината е единствениот спас и мора да се свесни граѓаните дека тоа е начинот на кој ние можеме да ставиме крај на пандемијата“, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-повеќе на темата: Нема нови мерки против Ковид-19, Комисијата за заразни болести бара почитување на актуелните

Во земјата досега се вакцинирани 450 илјади граѓани, а најголем опфат има во големите градови, како Скопје со 30%. Над преку 85% од здравствените работници се вакцинирани и околу 54% од вработените во градинките и училиштата.

„Бевме свесни дека во еден момент ќе се соочиме со антиваксинална кампања исто како и пред две години кога беше епидемијата со морбилите. Тогаш за нецели шест месеци се сузби епидемијата кога воведовме забрана да се примаат децата во училишта и градинки без примена вакцина. Секаде во регионот ги следиме трендовите“, вели тој.

Според министерот, вакцини има доволно, но потребна е имунизација на 80% од населението, за да се спречи ширење на вирусот.  Од вчера почна и вакцинацијата на децаод 12 до 17 години и досега се имунизирани 500 адолесценти.

Комисијата за заразни болести вчера не препорача нови мерки за заштита од Ковид-19, но Филипче вели дека се размислува да се воведат ограничувања од септември или октомври. „Не може да страдаме зашто некој не сака да се вакцинира. Светот треба да се отвори, не можеме дома да седиме“, вели тој.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми