1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Филипче: Сите пријавени ќе вакцинираат до 15 јули

ДТЗ
25 јуни 2021

Од понеделник во следните две недели ќе се вакцинираат сите заинтересирани со „Фајзер“ и „Синовак“.

Nord-Mazedonien Corona Impgung in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Околу 150 илјади граѓани коишто изразиле интерес за вакцинација до 15 јули ќе добијат термин за имунизација. Вакви се најавите на министерот за здравство, Венко Филипче, кој вели дека попладне ќе пристигнат 100.000 дози од вакцината на „Фајзер“, а наредните денови и 500.000 од кинески „Синовак“, со што ќе се обезбедат вакцини за 300.000 граѓани. 

„Сите луѓе што се пријавени, тоа се некаде околу 150.000, изминатиот период од една недела околу 30.000 се веќе вакцинирани, ќе добијат термин и планот е до 15 јули сите пријавени да бидат вакцинирани“, вели Филипче. 

-повеќе на темата: Индискиот сој ги врати стравувањата од нов есенски бран на Ковид-19

Планот е имунизацијата со вакцините на ’Фајзер‘ да се реализира во големите центри за имунизација каде што има фрижидери со потребната температура на чување, а вакцините на ’Синовак‘ ќе ги има и во другите здравствени домови, зашто полесно се даваат. 

Претстојниот период ќе се вакцинираат и наставниците и вработените во училиштата кои досега не примиле вакцина. С. Македонија добила понуда за донација на вакцини и од Словачка, меѓутоа надлежните одбиле. „Во овој момент имаме доволно и не е фер да прифатиме вакцини, а да не ги искористиме, па да треба да ги уништуваме кога ќе им истече рокот“, вели Филипче. 

Откако ќе се вакцинираат оние што се пријавени, пунктовите ќе останат отворени за вакцинација на граѓаните. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми